*Големината на преземањето зависи од компонентите на избраното преземање.
Сменете јазик:
Преглед
Овој Пакет за јазичен интерфејс (ПЈИ) за Windows обезбедува делумно преведена верзија од најчесто користените области на Windows. По инсталирањето на ПЈИ, текстот во волшебниците, дијалог-рамките, менијата и темите за Помош и поддршка ќе биде прикажан во јазикот на ПЈИ. Текстот што не е преведен ќе биде на основниот јазик на Windows 7. На пример, ако купите англиска верзија на Windows 7 и инсталирате македонски ПЈИ, дел од текстот ќе остане на англиски. Можете да инсталирате повеќе од еден ПЈИ на еден основен јазик. ПЈИ за Windows можат да се инсталираат на сите изданија на Windows 7.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако е овозможено BitLocker-шифрирање, оневозможете го пред да го инсталирате ПЈИ. Отворете ја Control Panel, изберете System and Security, а потоа BitLocker Drive Encryption. Кликнете на Suspend Protection.
Бидејќи има посебни преземања за 32-битни и 64-битни верзии на ПЈИ за Windows 7, пред да започнете со преземањето, треба да утврдите која верзија на Windows 7 ја имате инсталирано: Верзијата на Windows 7 што ја имате инсталирано можете да ја утврдите на следниов начин:
Кликнете на копчето Start, потоа кликнете со десното копче на Компјутер и изберете Properties. Ќе се прикажат основните информации за компјутерот. Во секцијата Систем погледнете го типот на системот. Тука ќе биде прикажано дали оперативниот систем Windows 7 е 32-битна верзија или 64-битна верзија.
За да ја инсталирате 32-битната верзија, можете да го направите нешто од следново:
Да кликнете на копчето Преземи, а потоа да кликнете Open за да го инсталирате ПЈИ
или
Да кликнете на копчето Преземи
Да кликнете на Save за да ја копирате датотеката на компјутерот,
Одете до преземената датотека и кликнете двапати на неа за да го инсталирате ПЈИ
За да ја инсталирате 64-битната верзија, мора да ја користите втората опција наведена погоре.