Office

    Јазични пакети за SharePoint Foundation 2010

    Сменете јазик:
    Јазичните пакети овозможуваат креирање на страници или колекции на страници на повеќе јазици без да треба посебни инсталации на SharePoint Foundation 2010
    • Верзија:

      SP2

      Име на датотека:

      SharePointLanguagePack_SP2_mk-mk.exe

      Датум на објавување:

      16.09.2013

      Големина на датотеката:

      21.3 MB

        Јазичните пакети овозможуваат креирање на страници или колекции на страници на повеќе јазици без да треба посебни инсталации на SharePoint Foundation 2010. Повеќе јазични пакети може да бидат инсталирани на истиот сервер. Апликацијата на Јазичен пакет нема да го промени јазикот на инсталираниот Microsoft серверски производ или јазикот на административните карактеристики.

        Забелешки
        • Не треба да преземате јазичен пакет за јазикот што сте го инсталирале, овие јазични пакети се за поддршка при создавање дополнителни јазици.
    • Поддржани оперативни системи:

      Windows Server 2008 R2; Windows Server 2008 Service Pack 2; Windows Server 2012


        • Ова преземање работи со следниве програми:

          • SharePoint Foundation 2010


      • За да го инсталирате ова преземање:

        Инсталирање на јазичен пакет:
        1. Преземете ја датотеката со кликнување на копчето Преземи (погоре) и зачувајте ја на тврдиот диск.
        2. Стартувајте ја програмата за инсталирање.
        3. На страницата Прочитајте ги лиценцните услови за софтверот на Microsoft, прегледајте ги условите, изберете го полето Ги прифаќам условите на овој договор a потоа кликнете Продолжи.
        4. Се стартува волшебникот за инсталирање и го инсталира јазичниот пакет.
        5. Повторно стартувајте го Волшебникот за конфигурација на производи и технологии на SharePoint, користејќи ги стандардните параметри.
        Забелешка: Ако не го стартувате Волшебникот за конфигурација на производи и технологии на SharePoint откако ќе инсталирате јазичен пакет, јазичниот пакет нема да биде инсталиран правилно.

        Повторно стартување на Волшебникот за конфигурација на производи и технологии на SharePoint:
        1. Кликнете Старт, поставете го покажувачот на Сите програми, поставете го покажувачот на Производи Microsoft SharePoint 2010, а потоа кликнете Волшебник за конфигурација на производи и технологии на SharePoint..
        2. На страната Добредојдовте во SharePoint производи и технологии, кликнете Следно.
        3. Кликнете Да во дијалог-рамката што Ве предупредува дека некои услуги можеби ќе треба да се престартуваат за време на конфигурацијата.
        4. На страницата Промена на параметрите на серверската фарма, кликнете Не прекинувај ја врската со оваа серверска фарма, a потоа кликнете Следно.
        5. Ако се појави страницата Промена на параметрите на веб-администрација на централната администрација на SharePoint, не менувајте ниту еден од стандардните параметри, а потоа кликнете Следно.
        6. На страницата Комплетирање на Волшебникот за конфигурација на производи и технологии на SharePoint, кликнете Следно.
        7. На страницата Конфигурацијата е успешна, кликнете Заврши.
        Упатства за користење:

        За информации за користење, посетете ја локацијата Употреба на јазични пакети Употреба на Јазични пакети (SharePoint Foundation 2010).

        За отстранување на преземеното:
        1. Во менито Старт, поставете го покажувачот на Параметри, a потоа кликнете Контролна табла.
        2. Кликнете двапати на Додади/Отстрани програми.
        3. Во списокот со тековно инсталирани програми, изберете Јазичен пакет за SharePoint Foundation 2010 – [Јазик], a потоа кликнете Отстрани или Додади/Отстрани. Ако се појави дијалог-рамка, следете ги упатствата за отстранување на програмата..
        4. Кликнете Да или OK за да потврдите дека сакате да ја отстраните програмата.

    Популарни преземања

    Loading your results, please wait...

    Бесплатни ажурирања за компјутерот

    • Безбедносни поправки
    • Софтверски ажурирања
    • Сервисни пакети
    • Хардверски двигатели