Пакетот за јазичен интерфејс (ПЈИ) за Windows Vista обезбедува делумно преведен Кориснички интерфејс за најчесто користените области на Windows Vista.
Овој Пакет за јазичен интерфејс (ПЈИ) за Windows Vista обезбедува делумно преведена верзија од најчесто користените области на Windows. По инсталирањето на ПЈИ, текстот во волшебниците, дијалог рамките, менијата, темите за Помош и поддршка и другите ставки во корисничкиот интерфејс ќе биде прикажан во јазикот на ПЈИ. Текстот што не е преведен ќе биде во основниот јазик на Windows Vista. На пример, ако си купил шпанска верзија на Windows Vista и си инсталирал каталонски ПЈИ, некој текст ќе остане на шпански. Може да инсталираш повеќе од еден ПЈИ, за секој крисник на компјутерот да може да го прикаже корисничкиот интерфејс на јазик по избор.
Поддржани оперативни системи:
Windows Vista
• Microsoft Windows Vista
• Кориснички интерфејс на следниот јазик: Англиски
• 4.63 МБ слободен простор за преземање
• 15 МБ слободен простор за поставка
Поддржани платформи ПЈИ функционираат само со 32-битни верзии на Windows Vista и не може да се инсталира на постари верзии на Windows или на 64-битни верзии на Windows Vista.
- Кликни на копчето Преземи на оваа страница за да започне преземањето, или избери друг јазик од паѓачкиот список, а потоа кликни Оди.
- Направи едно од следното:
- За веднаш да започнеш со инсталација, кликни Отвори или Активирај ја програмата од тековната локација.
- За да го ископираш преземеното на твојот компјутер и подоцна да го инсталираш, кликни Сними или Сними ја оваа програма на диск.