Office

    Microsoft Office Language Interface Pack 2010 – македонски

    Сменете јазик:
    Microsoft Office Language Interface Pack 2010 – македонски обезбедува кориснички интерфејс на македонски јазик за повеќе програми на Microsoft Office 2010.
    • Note:There are multiple files available for this download.Once you click on the "Download" button, you will be prompted to select the files you need.
      Верзија:

      1

      Име на датотека:

      languageinterfacepack-x86-mk-mk.exe

      languageinterfacepack-x64-mk-mk.exe

      O14LipHelp-mk-mk.chm

      Датум на објавување:

      11.02.2011

      Големина на датотеката:

      13.5 MB

      14.9 MB

      213 KB

        Microsoft Office Language Interface Pack 2010 – македонски обезбедува кориснички интерфејс на македонски јазик за:
        • Microsoft Office Excel 2010

        • Microsoft Office OneNote 2010

        • Microsoft Office Outlook 2010

        • Microsoft Office PowerPoint 2010

        • Microsoft Office Word 2010
    • Поддржани оперативни системи:

      Windows 7; Windows Vista; Windows XP

        • Потребен софтвер: Секој пакет или самостојна копија од Microsoft Office 2010 што содржи една или повеќе од следниве апликации: Excel, OneNote, Outlook, PowerPoint или Word.
        • Потребен простор на дискот: Покрај просторот на тврдиот диск којшто го користат тековно инсталираните програми на Office 2010, потребни се 20 мегабајти (МБ) простор на тврдиот диск.
      • За да го инсталирате ова преземање:
        1. Преземете ја датотеката LanguageInterfacePack.exe со кликнување на копчето Преземи (горе) и зачувајте ја датотеката на тврдиот диск.
        2. Кликнете двапати на програмската датотека LanguageInterfacePack.exe на тврдиот диск за да ја стартувате програмата за Поставување.
        3. Следете ги упатствата на екранот за да го завршите инсталирањето.
        4. По инсталирањето, датотеката со почетни информации за Пакетот за јазичен интерфејс за Microsoft Office 2010 може да се најде во C:\Program Files\Common Files\microsoft shared\OFFICE14\LCID\LIPread.htm
        5. Не е поддржана надградба на Office 2007 со пакет за јазичен интерфејс за Office 2007 или на претходно издание на Office 2010 со пакет за јазичен интерфејс за Office 2010. Ако сакате да ја надградите основната инсталација на Office 2007 на Office 2010 со пакет за јазичен интерфејс за Office 2010 треба:
          • Да го деинсталирате Office 2007 Language Interface Pack
          • Да го стартувате поставувањето на Office 2010 и да ја изберете опцијата за надградба.
          • Кога ќе заврши поставувањето на Office 2010, инсталирајте го и конфигурирајте го Office 2010 Language Interface Pack


          • Активирање на производот Office:
          • Ако имате проблеми со читањето на целиот Код за инсталирање во дијалогот „Microsoft Office Activation Wizard“ или целиот код за инсталирање не се прикажува правилно кога го користите Microsoft® Office Language Interface Pack 2010, откажете го волшебникот и префрлете се на англискиот производ за да го активирате вашиот производ Microsoft Office.


        Упатства за употреба:

        За да го префрлите корисничкиот интерфејс на јазикот на Microsoft Office Language Interface Pack 2010– македонски, следете ги овие чекори:

        1. Стартувајте Јазични параметри за Microsoft Office 2010 од менито Старт\Сите програми\Microsoft Office\Алатки на Microsoft Office.  
        2. Во Изберете јазици за приказ и помош, во Јазик за приказ изберете го саканиот јазик и кликнете на копчето Постави како стандардно.  
        3. Во Изберете јазици за уредување, изберете го саканиот јазик и кликнете на копчето Постави како стандардно.  
        4. Кликнете на копчето ОК.  

        Јазичните параметри што ги избравте ќе се применат следниот пат кога ќе ги стартувате апликациите на Office.
        Белешка: Помошта не може да се префрли на јазикот на Microsoft Office Language Interface Pack 2010– македонски. Помошта секогаш ќе остане на јазикот на оригиналната инсталација.
        Секогаш поставете ја помошта за приказ во списокот на основниот јазик.

        За да го отстраните ова преземање:
          Следете ги овие чекори за Windows XP Home или Professional Edition:
        1. Затворете ги сите програми.
        2. Кликнете двапати на иконата Додај или отстрани програми во Контролната табла на Windows.
        3. Кликнете Microsoft Office Language Interface Pack 2010 во рамката Тековно инсталирани програми и кликнете на копчето Отстрани.  
        4. Следете ги упатствата на екранот.

          Следете ги овие чекори за Windows Vista или Windows 7:
        1. Затворете ги сите програми.
        2. Кликнете двапати на иконата Програми и својства во Контролната табла на Windows.
        3. Во опцијата Деинсталирај или промени програма кликнете Microsoft Office Language Interface Pack 2010 – македонски во рамката Тековно инсталирани програми и изберете ја опцијата Деинсталирај.  
        4. Следете ги упатствата на екранот.



        Доколку по преземањето не можете да ја видите содржината на датотеката CHM, може да ги направите следниве чекори кои ќе ви овозможат да ја видите содржината:
        1. Отворете ја папката каде што сте ја презеле датотеката CHM.
        2. Десен клик на CHM и од менито што ќе се појави, изберете Својства.
        3. Во картичката Општо, кликнете на копчето Деблокирај и потоа кликнете на копчето OK.
        4. Двоен клик на датотеката CHM и сега ќе можете да ја видите нејзината содржина.

    Популарни преземања

    Бесплатни ажурирања за компјутерот

    • Безбедносни поправки
    • Софтверски ажурирања
    • Сервисни пакети
    • Хардверски двигатели