Издадено:
Важи од: 1 мај 2018
Договор за услуги на Microsoft
Вашата приватностВашата приватност1_YourPrivacy
Резиме

1. Вашата приватност. Ние се грижиме за вашата приватност. Ве молиме да ја прочитате Изјавата за приватност на Microsoft („Изјава за приватност“) бидејќи ги опишува видовите податоци што ги собираме од вас и вашите уреди („Податоци“), како ги користиме вашите податоци и правните основи што ги имаме за обработка на податоците. Исто така, изјавата за приватност опишува како Microsoft ја користи вашата содржина, којашто се состои од вашата комуникација со другите; објавувањата што ги имате поднесено до Microsoft преку услугите; како и датотеките, фотографиите, документите, аудиозаписите, дигиталните дела, емитувањата во живо и видеозаписите што ги поставувате, складирате, емитувате или споделувате преку услугите („Ваши содржини“). Онаму каде што обработувањето е базирано на согласност и до степенот дозволен со закон, со користење на услугите или прифаќање на овие услови, се согласувате Microsoft да ги собира, користи и открива вашите содржини и податоци како што е опишано во изјавата за приватност. Во некои случаи, ќе обезбедиме одделно известување и ќе ја бараме вашата согласност како што е наведено во изјавата за приватност.

Целосен текст
Ваши содржиниВаши содржини2_yourContent
Резиме

2. Ваши содржини. Многу од нашите услуги ви овозможуваат да складирате или споделувате ваши содржини или да добивате материјал од другите. Ние не бараме сопственост на вашите содржини. Вашите содржини остануваат ваши и вие сте одговорни за нив.

  • а. Кога споделувате ваши содржини со други луѓе, јасно ви е дека тие можат во светски размери да ги користат, зачувуваат, снимаат, репродуцираат, емитуваат, пренесуваат, споделуваат и прикажуваат (а во HealthVault да ги бришат) вашите содржини без компензација за вас. Ако не сакате другите да ја имаат таа можност, не користете ги услугите за да ги споделите вашите содржини. Изјавувате и гарантирате дека за времетраењето на овие услови ги имате (и ќе ги имате) сите права потребни за содржините што се поставени, складирани или споделени на или преку услугите и дека собирањето, користењето и задржувањето на вашите содржини нема да кршат какви било закони или права на другите. Microsoft не поседува, контролира, потврдува, плаќа за нив, одобрува или на друг начин презема каква било одговорност за вашите содржини и не може да се смета за одговорен за вашите содржини или материјали што другите ги поставуваат, складираат или споделуваат користејќи ги услугите.
  • б. До оној степен што е потребен за обезбедување на услугите за вас и за другите, за заштита на вас и на услугите и за подобрување на производите и услугите на Microsoft, вие му давате на Microsoft глобална бесплатна лиценца за интелектуална сопственост за користење на вашите содржини, на пример за правење копии, задржување, пренесување, реформатирање, прикажување и дистрибуирање на вашите содржини преку алатките за комуницирање на услугите. Ако објавите ваши содржини во деловите на услуга каде што тие без ограничување се широко достапни онлајн, вашите содржини може да се појават во демонстрациите или материјалите за промовирање на услугата. Некои од услугите се поддржани со рекламирање. Контролите за начинот на кој Microsoft го персонализира адвертајзингот се достапни на страницата Безбедност и приватност на вебсајтот за управување со сметката на Microsoft. Ние не го користиме она што го кажувате во е-поштата, разговорите, видеоповиците или говорната пошта, или во вашите документи, фотографии или други лични датотеки за да ги насочиме рекламите кон вас. Нашите политики за рекламирање се детално опфатени во изјавата за приватност.
Целосен текст
Кодекс на однесувањеКодекс на однесување3_codeOfConduct
Резиме

3. Кодекс на однесување.

  • а. Со прифаќање на овие услови вие се согласувате дека при користење на услугите ќе ги следите следниве правила:
    • i. Не правете ништо незаконско.
    • ii. Не вклучувајте се во каква било активност што експлоатира, повредува или се заканува со повреда на деца.
    • iii. Не испраќајте спам. Спам е несакана и небарана обемна е-пошта, објавувања, барања за контакт, СМС (текстуални пораки) или инстант пораки.
    • iv. Не прикажувајте ги услугите јавно и не користете ги за споделување недолични содржини или материјали (вклучувајќи, на пример, голотија, ѕверства, порнографија, навредлив јазик, јасно насилство или криминални дејства) или ваши содржини или материјали што не се во согласност со локалните закони или прописи.
    • v. Не вклучувајте се во активности на измамничко, лажно или погрешно наведување (на пр. барање пари со лажни изговори, претставување како некој друг, манипулирање со услугите за зголемување на бројот на играња или за влијание на рангирањето, оценките или коментарите) или во клеветнички или погрдни активности.
    • vi. Не заобиколувајте кои било ограничувања во пристапот или достапноста на услугите.
    • vii. Не вклучувајте се во активност што е штетна за вас, за услугите или други лица (на пр., пренесување вируси, скришно следење, објавување терористичка содржина, испраќање говор на омраза или заговарање насилство против други).
    • viii. Не повредувајте ги правата на другите (на пр., неовластено споделување музика со авторски права или други материјали со авторски права, препродажба или друга дистрибуција на мапи на Bing или фотографии).
    • ix. Не вклучувајте се во активност на нарушување на приватноста или правата за заштита на податоците на другите.
    • x. Не помагајте им на другите да ги кршат овие правила.
  • б. Спроведување. Ако ги прекршите овие услови, ние можеме според наша одлука да ги прекинеме услугите за вас или можеме да ја затвориме вашата сметка на Microsoft. Исто така, можеме да блокираме испорака на известување (како е-пошта, споделување датотеки или инстант порака) до или од услугите, со цел да се спроведат овие услови, или можеме да ги отстраниме или да одбиеме да ги објавиме вашите содржини од која било причина. При истражување на наводни нарушувања на овие услови, Microsoft го задржува правото да го прегледа вашите содржини со цел да го реши прашањето, а вие со ова го одобрувате таквиот преглед. Меѓутоа, ние не можеме да ги надгледуваме сите услуги и не се обидуваме да го направиме тоа.
  • в. Примена кај услугите на Xbox. Кликнете тука за повеќе информации за начинот на кој овој кодекс на однесување се применува кај Xbox Live, игрите за Windows Live и игрите од Microsoft Studios, апликациите, услугите и содржината што ја обезбедува Microsoft. Прекршувањето на кодексот на однесување преку Xbox услугите (дефинирани во делот 13(а)(i)) може да резултира со суспензија и забрана за учество во Xbox услугите, вклучувајќи одземање на лиценците за содржините, времето за златно членство на Xbox и состојбите на сметката на Microsoft поврзани со сметката.
Целосен текст
Користење на услугите и поддршкатаКористење на услугите и поддршката4_usingTheServicesSupport
Резиме

4. Користење на услугите и поддршката.

  • а. Сметка на Microsoft. За пристап до голем број од услугите ви треба сметка на Microsoft. Вашата сметка на Microsoft ви овозможува да се најавите на производите, вебсајтовите и услугите обезбедени од Microsoft и некои партнери на Microsoft.
    • i. Креирање сметка. Може да создадете сметка на Microsoft пријавувајќи се онлајн. Се согласувате да не користите какви било лажни, неточни или погрешни информации при пријавување на вашата сметка на Microsoft. Во некои случаи, трета страна, како на пример вашиот давател на интернет услугата може да ви додели сметка за Microsoft. Ако добиете сметка на Microsoft од трета страна, таа трета страна може да има дополнителни права врз вашата сметка, како на пример можноста да пристапи или да ја избрише вашата сметка на Microsoft. Ве молиме да ги прегледате сите дополнителни услови што третата страна ви ги поставува, бидејќи Microsoft нема одговорност за тие дополнителни услови. Ако креирате сметка на Microsoft во име на некој субјект како на пример вашата дејност или работодавач, вие изјавувате дека имате законско овластување да го обврзете тој субјект со овие услови. Не можете да ги пренесете акредитивите за вашата сметка на Microsoft на друг корисник или субјект. За да ја заштитите вашата сметка, држете ги деталите за вашата сметка и лозинката безбедни. Вие сте одговорни за сите активности што се случуваат во вашата сметка на Microsoft.
    • ii. Користење на сметката. За да ја држите активна, вие мора да ја користите вашата сметка на Microsoft. Тоа значи дека вие мора да се најавите најмалку еднаш во петгодишен период за да ја задржите активна вашата сметка на Microsoft и придружените услуги, освен ако е поинаку предвидено во понуда за платен дел на услугите. Ако не се најавите во текот на овој период, ќе сметаме дека вашата сметка на Microsoft е неактивна и ќе ја затвориме за вас. Погледнете го делот 4(а)(iv)(2) за последиците од затворањето сметка на Microsoft. На вашето приемно сандаче на Outlook.com и на OneDrive (посебно) мора да се најавите најмалку еднаш во период од една година, инаку ќе го затвориме вашето приемно сандаче на Outlook.com и вашиот OneDrive за вас. Потребно е да се пријавите на услугите на Xbox најмалку еднаш во период од пет години за да се задржи ознаката на играч за вашата сметка на Microsoft. Ако оправдано се сомневаме дека вашата сметка на Microsoft се користи лажно од трета страна (на пример, како резултат од компромитирање на сметката), Microsoft може да ја суспендира вашата сметка сè додека повторно ќе може да побарате сопственост. Врз основа на природата на компромисот, можно е да треба да оневозможиме пристап до дел или до сите ваши содржини. Ако имате проблем со простапот до вашата сметка на Microsoft, посетете го овој вебсајт: https://go.microsoft.com/fwlink/?LinkId=238656.
    • iii. Деца и сметки. Со користење на услугите, вие изјавувате дека сте „полнолетни“ или „законски одговорни“ таму каде што живеете, или имате важечка согласност од родител или законски старател за преземање на обврските според овие услови. Ако не знаете дали сте полнолетни или „законски одговорни“ таму каде што живеете или не го разбирате овој дел, побарајте помош и согласност од вашиот родител или законски старател пред да креирате сметка на Microsoft. Ако сте родител или законски старател на малолетник што креира сметка на Microsoft, вие и малолетникот прифаќате и се согласувате да бидете обврзани со овие услови и сте одговорни за сите користења на сметката на Microsof или услугите, вклучувајќи ги купувањата, без оглед дали сметката на малолетникот е отворена сега или е креирана подоцна.
    • iv. Затворање на сметка.
      • 1. Можете во секое време од која било причина да прекинете одредени услуги или да ја затворите вашата сметка на Microsoft. За да ја затворите вашата сметка на Microsoft, одете на https://go.microsoft.com/fwlink/p/?linkid=618278. Кога барате да ја затвориме вашата сметка на Microsoft, ние ќе ја држиме суспендирана 60 дена во случај да се предомислите. По овој период од 60 дена вашата сметка на Microsoft ќе биде затворена. Погледнете го делот 4(а)(iv)(2) подолу за објаснување за тоа што се случува кога ќе се затвори сметка на Microsoft. Со повторно најавување во текот на овој период од 60 дена, вашата сметка на Microsoft ќе биде реактивирана.
      • 2. Ако вашата сметка на Microsoft е затворена (било од ваша или од наша страна), се случуваат неколку работи. Прво, вашето право да ја користите сметката на Microsoft за пристап до услугите престанува веднаш. Второ, ќе ги избришеме податоците или вашите содржини поврзани со вашата сметка на Microsoft или на друг начин ќе ги одделиме од вас и вашата сметка на Microsoft (освен ако со закон не се бара да ги задржиме, вратиме или да ги пренесеме на вас или на трета страна што ќе ја идентификувате вие). Вие треба да имате план за резервна копија, бидејќи Microsoft нема да може да ги врати вашите содржини или податоци штом се затвори вашата сметка. Трето, може да го изгубите пристапот до производите што сте ги стекнале.
  • б. Сметки за работа или училиште. На одредени услуги од Microsoft можете да се пријавите со работна или училишна адреса за е-пошта. Доколку го направите тоа, согласни сте дека сопственикот на доменот што е поврзан со вашата адреса за е-пошта може да ја контролира и администрира вашата сметка и да пристапува и обработува ваши податоци, вклучувајќи ја содржината на вашата комуникација и датотеките, како и дека Microsoft може да го извести сопственикот на доменот доколку сметката или податоците се компромитирани. Освен тоа, согласни сте дека вашето користење на услугите на Microsoft може да биде подложно на договорите што ги имате вие или вашата организација со Microsoft и дека овие услови нема да важат. Доколку веќе имате сметка на Microsoft и користите одделна службена или училишна адреса за е-пошта за да пристапите до услугите кои се опфатени со овие услови, можно е од вас да биде побарано да ја ажурирате адресата за е-пошта која е поврзана со вашата сметка на Microsoft за да можете и понатаму да пристапувате до тие услуги.
  • в. Дополнителна опрема/Планови на податоци. За да користите голем број од услугите ви треба интернет врска и/или фиксна/мобилна тарифна претплата. Исто така, може да ви биде потребна дополнителна опрема, како на пример, слушалки со микрофон, камера или микрофон. Вие сте одговорни за обезбедување на сите врски, планови и опрема што се потребни за користење на услугите и за плаќање на надоместоците побарани од провајдерот(ите) на вашите врски, планови и опрема. Овие надоместоци се дополнителни на надоместоците што ги плаќате за услугите и ние нема да ви ги надоместиме. Проверете кај вашиот провајдер(и) за да утврдите дали има такви трошоци за вас.
  • г. Известувања за услугите. Кога има нешто важно што треба да ви кажеме за услугата што ја користите, ќе ви испратиме известувања за услугите. Доколку сте ни ги дале адресата на е-пошта или телефонскиот број во врска со вашата сметка на Microsoft, тогаш може да ви испраќаме известувања за услугата преку е-пошта или преку СМС (текстуална порака), вклучувајќи и за проверка на вашиот идентитет пред да го регистрираме вашиот мобилен телефонски број. Исто така може да ви испраќаме известувања за услугата на други начини (на пример со пораки во производот). Кога примате известувања преку СМС може да настанат трошоци за испраќање податоци или пораки.
  • д. Поддршка. Поддршката на клиентите за некои услуги е достапна на support.microsoft.com. Некои услуги може да нудат дополнителна поддршка на корисници што подлежат на условите достапни на www.microsoft.com/support-service-agreement, освен ако не е наведено поинаку. Поддршката може да не е достапна за преглед или бета-верзии на одликите или услугите. Услугите може да не бидат компатибилни со софтверот или услугите обезбедени од трети страни и ваша обврска е да се запознаете со барањата за компатибилност.
  • ѓ. Завршување на услугите. Доколку услугите се откажат (било од ваша или од наша страна), прво, вашето право на пристап до услугите веднаш престанува да важи, а вашата лиценца за користење на софтверот во врска со услугите ќе биде неважечка. Второ, ќе ги избришеме податоците или вашите содржини поврзани со вашата услуга или на друг начин ќе ги одделиме од вас и вашата сметка на Microsoft (освен ако со закон не се бара да ги задржиме, вратиме или да ги пренесеме на вас или на трета страна што ќе ја идентификувате вие). Како резултат на тоа, може веќе да не можете да пристапите до ниедна од услугите (или вашата содржина што сте ја зачувале во тие услуги). Треба да имате план за редовна резервна копија. Трето, може да го изгубите пристапот до производите што сте ги стекнале. Доколку сте ја откажале сметката на Microsoft и немате друга сметка што може да пристапи до услугите, вашите услуги може веднаш да бидат откажани.
Целосен текст
Користење апликации и услуги од трети страниКористење апликации и услуги од трети страни5_usingThird-PartyAppsAndServices
Резиме

5. Користење апликации и услуги од трети страни. Услугите може да ви овозможат да пристапите до или да се стекнете со производи, услуги, веб-локации, врски, содржини, материјал, игри, вештини, интеграции, ботови или апликации од независни трети страни (компании или луѓе што не се Microsoft) („Апликации и услуги од трети страни“). Исто така, голем број од услугите ви помагаат да најдете, побарате или комуницирате со апликации и услуги од трети страни, или, пак, ви дозволуваат да ги споделувате вашите содржини или податоци, а вам ви е јасно дека вие ги насочувате услугите да обезбедат апликации и услуги од трети страни за вас. Апликациите и услугите од трети страни можат, исто така, да ви овозможат да складирате ваши содржини или податоци кај издавач, провајдер или оператор на апликациите и услугите од третите страни. Апликациите и услугите од трети страни можат да ви претстават политика за приватност или да бараат од вас да прифатите дополнителни услови пред да може да инсталирате или користите апликација или услуга од трети страни. Погледнете го дел 13(б) за дополнителни услови за апликации набавени преку продавницата Office, продавницата Xbox или продавницата Windows. Треба да ги прегледате сите дополнителни услови и политики за приватност пред да набавите, користите, побарате или да ја поврзете сметката на Microsoft со која било апликација или услуга од трети страни. Никакви дополнителни услови не ги менуваат овие услови. Microsoft не ви дава лиценца за каква било интелектуална сопственост како дел од која било апликација или услуга од трета страна. Се согласувате да ги преземете сите ризици и обврски што произлегуваат од вашето користење на овие апликации и услуги од трета страна и дека Microsoft не е одговорен за кои било проблеми што ќе произлезат од тоа што ги користите. Microsoft не е одговорен или обврзан на вас или другите за информации или услуги што ги обезбедуваат апликациите и услугите од трети страни.

Целосен текст
Достапност на услугаДостапност на услуга6_serviceAvailability
Резиме

6. Достапност на услуга.

  • а. Услугите, апликациите и услугите од трета страна, материјалот или производите понудени преку услугите може да не бидат достапни од време на време, може да бидат понудени ограничено или може да бидат различни во зависност од вашиот регион или уред. Ако ја смените локацијата придружена на вашата сметка на Microsoft, може ќе треба повторно да ги набавите материјалот или апликациите што ви беа на располагање и кои ги плативте во претходниот регион. Се согласувате да не пристапувате или користите материјал или услуги што се незаконски или не се лиценцирани за користење во земјата од која пристапувате или користите таков материјал или услуги, или да ги криете или погрешно претставувате вашата локација или идентитет со цел да пристапите до или користите таков материјал или услуги.
  • б. Настојуваме услугите да бидат подготвени и во функција; сепак, сите онлајн услуги се подложни на повремени нарушувања и испади и Microsoft не е одговорен за какво било нарушување или загуба што може да ја претрпите како резултат на тоа. Во случај на испад, може да не бидете во можност да ги добиете вашите содржини или податоци што ги имате складирано. Препорачуваме редовно да правите резервна копија од содржините и податоците што ги складирате на услугите или ги складирате користејќи апликации и услуги од трети страни.
Целосен текст
Ажурирање на услугите или софтверот и промени на овие условиАжурирање на услугите или софтверот и промени на овие услови7_updatesToTheServicesOrSoftwareAndChangesToTheseTerms
Резиме

7. Ажурирање на услугите или софтверот и промени на овие услови.

  • а. Можеме да ги промениме овие услови во кое било време и ќе ве известиме кога ќе го направиме тоа. Користењето на услугите откако промените ќе почнат да важат значи дека се согласувате со новите услови. Доколку не се согласувате со новите услови, мора да престанете да ги користите услугите, да ја затворите вашата сметка на Microsoft и, ако сте родител или старател, да му помогнете на вашето малолетно дете да ја затвори неговата сметка на Microsoft.
  • б. Понекогаш ќе биде потребно ажурирање на софтверот за да продолжите да ги користите услугите. Можеме автоматски да ја провериме вашата верзија на софтверот и да преземеме ажуриран софтвер или промени за конфигурацијата. Исто така, од вас може да се бара да го ажурирате софтверот за да продолжите да ги користите услугите. Ваквите ажурирања подлежат на овие услови, освен ако со ажурирањата се придружени други услови, во тие случаи се применуваат тие други услови. Microsoft нема обврска да направи достапни какви било ажурирања и не гарантира дека ќе ја поддржува верзијата на системот за којшто сте купиле или добиле лиценца за софтверот, апликациите, содржините или другите производи. Таквите ажурирања може да не се компатибилни со софтверот и услугите обезбедени од трети страни. Во секое време можете да ја повлечете вашата согласност за идни ажурирања на софтверот со деинсталирање на софтверот.
  • в. Освен тоа, може да има периоди кога треба да отстраниме или промениме одлики или функции на услуга или да престанеме да обезбедуваме услуга или пристап до апликации и услуги од трета страна. Освен до степен што се бара со важечки закон, ние немаме обврска да обезбедиме повторно преземање или замена на кои било претходно купени материјали, дигитални стоки (дефинирани во дел 13(и)) или апликации. Може да ги издадеме услугите или нивните функции во преглед или бета-верзија, што може да не работи правилно или на истиот начин на којшто може да работи крајната верзија.
  • г. За да можете да користите материјал заштитен со управување на дигиталните права (УДП), како музика, игри, филмови, книги и друго, софтверот за УДП може автоматски да се поврзе со сервер за онлајн права и да ги преземе и инсталира ажурирањата за УДП.
Целосен текст
Лиценца за софтверЛиценца за софтвер8_softwareLicense
Резиме

8. Лиценца за софтвер. Освен ако е придружен со посебен договор за лиценца на Microsoft (на пример, ако користите апликација на Microsoft што е вклучена во и е дел од Windows, тогаш за таквиот софтвер се применуваат Условите за лиценца за софтвер на Microsoft за оперативниот систем Windows), секој софтвер што ви го обезбедуваме како дел од услугите подлежи на овие услови. Апликациите што се набавени преку Office Store, Windows Store и Xbox Store подлежат на делот 13(б)(i) подолу.

  • а. Ако се согласувате со овие услови, ви го даваме правото да инсталирате и да користите по една копија на софтверот по уред на глобална основа за користење само од едно лице во исто време, како дел од вашето користење на услугите. За одредени уреди, таквиот софтвер може да се прединсталира за лични и некомерцијално користење на услугите. Софтвер или вебсајт што е дел од услугите може да вклучува програмски кодови од трети страни. За сите програмски скрипти или кодови од трета страна, поврзани на или посочени од софтверот или вебсајтот, вие добивате лиценца од третите страни што го поседуваат тој програмски код, а не од Microsoft. Известувањата, ако има, за програмскиот код на третата страна се вклучени само како информација за вас.
  • б. Софтверот се лиценцира, не се продава и Microsoft ги задржува сите права на софтверот што не се изречно дадени од Microsoft, било тоа да е со импликација, естопел или на друг начин. Оваа лиценца не ви дава никакво право за, и вие не смеете:
    • i. да заобиколувате или прескокнувате какви било технолошки мерки за заштита во или во врска со софтверот или услугите;
    • ii. да деасемблирате, декомпајлирате, дешифрирате, хакирате, емулирате, искористувате или да вршите резервен инженеринг на кој било софтвер или аспект на услугите што се вклучени во или се достапни преку услугите, освен ако и само во опсег што примеливите закони за авторски права изречно го дозволуваат тоа;
    • iii. да ги одвојувате компонентите на софтверот или услугите за користење на различни уреди;
    • iv. да ги објавувате, копирате, изнајмувате, давате под лизинг, продавате, експортирате, импортирате, дистрибуирате или да ги позајмувате софтверот или услугите, освен ако Microsoft изречно ви дозволи да го правите тоа;
    • v. да го пренесувате софтверот, која било лиценца или кои било права за пристап или користење на услугите;
    • vi. да ги користите услугите на кој било неодобрен начин што може да влијае на користењето на услугите од страна на некој друг или за да добите пристап до која било услуга, податоци, сметка или мрежа;
    • vii. да овозможувате пристап до услугите или да модифицирате кој било уред одобрен од Microsoft (на пр., Xbox One, Xbox 360, Microsoft Surface, итн.) со неодобрени апликации од трета страна.
Целосен текст
Услови за плаќањеУслови за плаќање9_paymentTerms
Резиме

9. Услови за плаќање. Ако купите услуга, тогаш за таа набавка се применуваат овие услови на плаќање и вие се согласувате со нив.

  • а. Побарувања за наплата. Ако за дел од услугите се бара плаќање, се согласувате да го платите тоа побарување во наведената валута. Цената наведена за услугата исклучува секакви даноци и договори за размена на валути, освен ако е наведено поинаку. Сите цени за платените производи на Skype ги вклучуваат применливите даноци, освен ако е поинаку наведено. Вие самите сте одговорни за плаќање на таквите даноци или други трошоци. Skype ги пресметува даноците врз основа на адресата на престој поврзана со вашите информации за наплата. Вие сте одговорни да осигурите дека таа адреса е ажурирана и точна. Освен за производите на Skype, даноците се пресметуваат врз основа на вашата локација во моментот кога е регистрирана вашата сметка на Microsoft, освен ако локалните закони бараат поинаква основа за пресметка. Ако навреме не примиме целосна уплата од вас, можеме да ги суспендираме или откажеме услугите. Суспендирањето или откажувањето на услугите заради неплаќање може да резултира со губење на пристапот до сметката и користење на сметката и нејзините содржини. Поврзувањето на интернет преку корпоративна или друга приватна мрежа што може да ја маскира вашата локација може да предизвика побарувањата за наплата да бидат поинакви од оние што прикажани за вашата вистинска локација. Во зависност од вашата локација, можно е некои трансакции да бараат претворање во странски валути или обработка во друга земја. Вашата банка може дополнително да ви наплати за тие услуги кога ќе користите дебитна или кредитна картичка. Контактирајте со вашата банка за детали.
  • б. Вашата сметка за фактурирање. За да ги платите побарувањата за наплата на услуга, кога се пријавувате за таа услуга од вас ќе биде побарано да наведете начин на плаќање. Можете да пристапите и да ги промените информациите за наплата и начинот на плаќање на веб-локацијата за управување со сметките на Microsoft , а за Skype со најава на порталот за сметката на https://skype.com/go/myaccount. Освен тоа, се согласувате да му дозволите на Microsoft да ги користи сите ажурирани информации за сметката во врска со избраниот начин на плаќање што го обезбедува вашата банка или применливата платежна мрежа. Согласни сте навремено да ја ажурирате вашата сметка и другите информации, вклучувајќи ја адресата за е-пошта и деталите за методот на плаќање за да можеме да ги извршуваме вашите трансакции и по потреба да контактираме со вас во врска со вашите трансакции. Промените што ќе ги направите на сметката за фактурирање нема да влијаат врз побарувањата за наплата од вашата сметка за фактурирање пред да можеме разумно да реагираме на промените на сметката.
  • в. Фактурирање. Со известувањето на Microsoft за начинот на плаќање, вие (i) изјавувате дека сте овластени да го користите начинот на плаќање што го наведовте и дека сите дадени платежни информации се вистинити и точни; (ii) го овластувате Microsoft да ви наплаќа за услугите или достапните содржини со користење на вашиот начин на плаќање; и (iii) го овластувате Microsoft да ви наплаќа за сите платени функции на услугите за коишто сте се пријавиле или ги користите додека важат овие услови. Можеме да ви наплатиме (а) однапред; (б) за време на купувањето; (в) веднаш по купувањето; или (г) периодично за услугите со претплата. Исто така, може да ви наплатиме до износот што сте го одобриле и ќе ве известиме однапред за сите промени во износот што периодично треба да се наплати за услугите со претплата. Истовремено можеме да ви наплатиме за повеќе од еден период за наплата за износите што претходно не биле обработени.
  • г. Периодични плаќања. Кога купувате услуга со претплата (на пр. месечно, тримесечно или годишно), се согласувате дека овластувате периодични плаќања, а плаќањата ќе се извршат до Microsoft на начинот и во периодични интервали за кои сте се согласиле, сè додека претплатата за таа услуга не биде прекината од ваша страна или од страна на Microsoft. Ако ги овластите периодичните плаќања, го овластувате Microsoft да ги обработува таквите плаќања како електронски дебитни плаќања или како пренос на средства, или пак како електронски меници од вашата наведена сметка (во случај на Automated Clearing House (Субјект за автоматско одобрување плаќања) или слични плаќања) или како наплати на вашата назначена сметка (во случај на кредитна картичка или слични плаќања) (заедно „Електронски плаќања“). Надоместоците за претплата обично се наплаќаат пред почетокот на применливиот период на претплатата. Ако некое плаќање се врати неплатено или ако некоја кредитна картичка или слична трансакција се отфрли или одбие, Microsoft или неговите провајдери на услуги го задржуваат правото да наплатат надомест за секоја вратена ставка, одбивање или немање доволно средства и да го процесираат секое такво плаќање како електронско плаќање.
  • д. Автоматско обновување. Доколку автоматските обновувања се дозволени со применливите закони, на крајот од фиксниот период на услугата можете да изберете услугите автоматски да се обновуваат. Преку е-пошта или на друг разумен начин ќе ве потсетиме пред обновувањето на услугите за нов период и ќе ве известиме за промените на цените во согласност со делот 9(и). Откако ќе ве потсетиме дека сте избрале автоматско обновување на услугите, можеме автоматски да ги обновиме вашите услуги на крајот од тековниот период на услуга и да ви ја наплатиме тековнта цена за периодот на обновување, освен ако не сте одбрале да ги откажете услугите како што е опишано подолу. Исто така, ве потсетуваме дека за обновата на услугите ќе ви наплатиме според избраниот начин на плаќање, без оглед на тоа дали тој бил наведен пред или по датумот на обнова. Исто така, ќе ви дадеме упатства како можете да ги откажете услугите. За да избегнете наплата за обновата, услугите треба да ги откажете пред датумот на обнова.
  • ѓ. Онлајн изјава и грешки. Microsoft ќе ви даде онлајн изјава за фактурирање на вебсајтот на Microsoft за управување со сметките, каде можете да ја видите и испечатите вашата изјава. За Skype, до вашата онлајн изјава можете да пристапите со пријава на вашата сметка на www.skype.com. Ова е единствената изјава за фактурирање што ја даваме. Ако направиме грешка со вашата фактура, мора да нè известите во рок од 90 дена откако грешката ќе се појави на фактурата. Потоа веднаш ќе го истражиме побарувањето за наплата. Ако не нè известите во овој период, нè ослободувате од секаква одговорност и побарувања за загуба што настанале од грешката и нема да бидеме обврзани да ја поправиме грешката или да ги вратиме парите, освен ако не е поинако утврдено со закон. Ако Microsoft открие грешка во фактурирањето, ќе ја поправи истата во рок од 90 дена. Оваа политика не влијае на кое било законско право што може да се примени.
  • е. Политика за враќање пари. Освен ако е поинаку утврдено со закон или со одредена понуда на услуги, сите купувања се конечни и неповратни. Ако сметате дека Microsoft ви наплатил по грешка, тогаш морате да се јавите во рок од 90 дена за таквата наплата. За наплати постари од 90 дена нема враќање на парите, освен ако не е поинаку утврдено со закон. Го задржуваме правото да враќаме пари или дадеме кредит според наше сопствено мислење. Ако вратиме пари или дадеме кредит, немаме никаква обврска да вратиме иста или слична сума пари во иднина. Оваа политика за враќање пари не влијае на кое било законско право што може да се примени. За повеќе информации за враќање пари, посетете ја нашата тема за помош. Доколку живеете во Тајван, земете предвид дека согласно тајванскиот Закон за заштита на потрошувачот и релевантните регулативи, сите купувања кои се однесуваат на дигиталната содржина што се обезбедува преку недопирлива форма и/или онлајн услуги се финални и не се подложни на барање пари откако онлајн ќе биде дадена таква согласност или ќе биде обезбедена таква услуга. Немате право да барате период за предомислување или враќање на парите.
  • ж. Откажување на услугите. Услуга можете да откажете во секое време, со или без причина. За да откажете услуга и да побарате враќање на парите, ако имате право на тоа, посетете го вебсајтот за управување со сметките на Microsoft. За Skype, пополнете го образецот за откажување користејќи ги информациите дадени овде. Треба да ја погледнете понудата на услугите затоа што можеби (i) нема да примите враќање на паричните средства за време на откажувањето; (ii) ќе бидете должни да платите трошоци за откажување; (iii) ќе бидете должни да ги платите сите трошоци на платежната сметка за услугите пред датумот на откажување; и (iv) ќе го изгубите пристапот и нема да можете да ја користите сметката откако ќе ги откажете услугите или, доколку живеете во Тајван, (v) ќе добиете враќање на парите во истоветен износ на неискористените тарифи кои сте ги платиле за услугите, пресметано за време на откажувањето. Ќе ги обработиме вашите податоци како што е опишано погоре во делот 4. Ако откажете, вашиот пристап до услугите се прекинува на крајот од тековниот период за користење на услугата или ако плаќате периодично, ќе ви наплатиме на крајот од периодот во кој сте откажале.
  • з. Понуди со пробен период. Ако користите каква било понуда со пробен период, треба да ја откажете услугата(ите) до крајот на пробниот период за да избегнете нова наплата, освен ако ве известиме поинаку. Ако не ја откажете пробната услуга(и) до крајот на пробниот период, можеме да ви наплатиме за услугата(ите).
  • ѕ. Промотивни понуди. Од време на време Microsoft може бесплатно да понуди услуги за пробен период. Microsoft го задржува правото да ви наплати за таквите услуги (по нормални цени) доколку Microsoft утврди (по свое разумно мислење) дека ги злоупотребувате условите од понудата.
  • и. Промена на цените. Можеме да ги промениме цените на услугите во секое време, а ако плаќате периодично, ќе ве известиме преку е-пошта или на друг разумен начин барем 15 дена пред промената на цените. Ако не се согласувате со промената на цените, мора да ги откажете и да престанете со користење на услугите пред промената на цените да стапи во сила. Ако има фиксен период и цена за понудата на услугата, таа цена ќе важи за тој периодот.
  • ј. Исплати за вас. Ако ви должиме исплата, тогаш се согласувате да ни ги дадете потребните информации за исплата навремено и точно. Вие сте одговорни за даноците и трошоците што можат да настанат како резултат на нашата исплата до вас. Исто така, мора да ги почитувате сите наши услови што ги поставивме за вашето право за каква било исплата. Ако примите исплата по грешка, можеме да ги вратиме или да бараме враќање на средствата. Се согласувате да соработувате со нас во нашите напори да го направиме тоа. Исто така, можеме да ја намалиме вредноста на исплатата без известување за да се усогласиме со каква било претходна прекумерна исплата.
  • к. Картички за подарок. Откупувањето и користењето на картички за подарок (освен картичките за подарок на Skype) се уредува со Одредбите и условите за картички за подарок на Microsoft. Информациите за картичките за подарок на Skype се достапни на Страницата за помош на Skype.
  • л. Начин на плаќање преку банкарска сметка. Може да регистрирате прифатлива банкарска сметка со сметката на Microsoft за да ја користите како начин на плаќање. Прифатливи банкарски сметки вклучуваат сметки што се чуваат во финансиска институција способна за прием на записи со директно впишување (на пр. финансиска институција што се наоѓа во Соединетите Амесикански Држави што поддржува внесувања на автоматско одобрување плаќања („ACH“), финансиска институција во Европа што поддржува ја поддржува Единствената област за плаќање во евра („SEPA“) или „iDEAL“ во Холандија). Исто така се применуваат и условите со кои сте се согласиле кога ја додававте банкарската сметка како начин на плаќање во сметката на Microsoft (на пр. „мандатот“ во случајот на SEPA). Изјавувате и гарантирате дека регистрираната банкарска сметка се чува во ваше име или дека сте овластени да ја регистрирате и користите оваа банкарска сметка како начин на плаќање. Со регистрирањето или избирањето на вашата банкарска сметка како начин на плаќање, го овластувате Microsoft (или неговиот агент) да иницира едно или повеќе задолжувања за вкупниот износ на трошокот на купувањето или претплатата (согласно условите од услугата за претплата) од банкарската сметка (и, ако е потребно да иницира еден или повеќе кредити на вашата банкарска сметка за поправање грешки, враќање пари или слична цел) и ја овластувате финансиската институција што ја чува вашата банкарска сметка да ги одземе таквите долгови или да ги прифати таквите кредити. Разбирате дека ова овластување ќе остане непроменето и во сила сè додека ме ги отстраните информациите за банкарската сметка од сметката на Microsoft. Контактирајте со поддршката за корисници како што е наведено подолу во делот 4(д) колку е можно побрзо, доколку сметате дека ви е наплатено по грешка. Законите што се применуваат во вашата земја исто така може да ја ограничат вашата одговорност за лажни, неточни или неовластени трансакции од вашата банкарска сметка. Со регистрирањето или избирањето на вашата банкарска сметка како начин на плаќање, потврдувате дека сте ги прочитале овие услови и дека ги разбирате и се согласувате со нив.
Целосен текст
Договорен субјект, избор на законодавство и место за решавање споровиДоговорен субјект, избор на законодавство и место за решавање спорови10_11_contractingEntityChoiceOfLaw
Резиме

10. Договорен субјект, избор на законодавство и место за решавање спорови. За вашето користење на бесплатните услуги за потрошувачи од брендот Skype, склучувате договор со, и сите упатувања на „Microsoft“ во овие услови се однесуваат на, Skype Communications S.à.r.l, 23 – 29 Rives de Clausen, L-2165 Luxembourg. За бесплатните и платените услуги за потрошувачи од брендот Skype, за толкување на овие услови и побарувањата при нивно прекршување се применуваат законите на Луксембург, без оглед на судирот на законските принципи. За сите други побарувања (вклучувајќи ги побарувањата за заштита на потрошувачите, нелојална конкуренција и неизвршување обврски) се применуваат законите на провинцијата или земјата каде што живеете. Ако ги прифатите овие услови со креирање сметка на Skype или со користење на Skype, вие и ние неотповикливо ја признаваме ексклузивната надлежност и местото за водење на спорот на судовите на Луксембург за сите спорови што ќе произлезат од или се во врска со овие услови или услугите за потрошувачи од брендот Skype. За сите други услуги, ако ги прифатите овие услови со креирање сметка на Microsoft или со користење на која било друга услуга, субјектот со кој склучувате договор, законите што се применуваат и местото за решавање на споровите се дадени подолу:

  • а. Канада. Ако живеете (или ако сте правно лице, местото на вашето главно работење е) во Канада, вие склучувате договор со Microsoft Corporation, One Microsoft Way, Redmond, WA 98052, U.S.A. За толкување на овие услови, побарувањата при нивно прекршување и сите други побарувања (вклучувајќи заштита на потрошувачите, нелојална конкуренција и неизвршување обврски) се применуваат законите на провинцијата каде што живеете (или ако сте правно лице, местото на вашето главно работење), без оглед на судирот на законските принципи. Вие и ние неотповикливо сме согласни со ексклузивната надлежност и местото за водење на спорот на судовите во Онтарио за сите спорови што ќе произлезат од или се во врска со овие услови или услугите.
  • б. Северна или Јужна Америка, надвор од Соединетите Американски Држави и Канада. Ако живеете (или ако сте правно лице и местото на вашето главно работење е) во Северна или Јужна Америка, надвор од Соединетите Американски Држави и Канада, вие склучувате договор со Microsoft Corporation, One Microsoft Way, Redmond, WA 98052, U.S.A. За толкување на овие услови и за побарувањата при нивно прекршување се применуваат законите на државата Вашингтон, без оглед на изборот на законските принципи. За сите други побарувања (вклучувајќи ги и побарувањата за заштита на потрошувачите, нелојална конкуренција и неизвршување обврски) се применуваат законите на земјата каде што ја обезбедуваме вашата услуга.
  • в. Близок Исток или Африка. Ако живеете (или ако сте правно лице и местото на вашето главно работење е) на Блискиот Исток или во Африка и ги користите бесплатните делови на услугите (како што се Bing и MSN), вие склучувате договор со Microsoft Corporation, One Microsoft Way, Redmond, WA 98052, U.S.A. Ако плаќате за користење на дел од услугите, вие склучувате договор со Microsoft Ireland Operations Limited, One Microsoft Place, South County Business Park, Leopardstown, Dublin 18, Ireland. Кај бесплатните и платените услуги, за толкување на овие услови и побарувањата поради нивно прекршување се применуваат законите на Ирска, без оглед на судирот на законските принципи. За сите други побарувања (вклучувајќи ги и побарувањата за заштита на потрошувачите, нелојална конкуренција и неизвршување обврски) се применуваат законите на земјата каде што ја обезбедуваме вашата услуга. Вие и ние неотповикливо ја признаваме ексклузивната надлежност и местото за водење на спорот на судовите на Ирска за сите спорови што ќе произлезат од или се во врска со овие услови или услугите.
  • г. Азија или Јужен Пацифик, освен ако вашата земја е посебно наведена подолу. Ако живеете (или ако сте правно лице и вашето главно седиште е) во Азија (освен Кина, Јапонија, Република Кореја или Тајван) или Јужен Пацифик и користите бесплатни делови на услугите (како што се Bing и MSN), вие склучувате договор со Microsoft Corporation, One Microsoft Way, Redmond, WA 98052, U.S.A. Ако плаќате за користење дел од услугите или ја користите бесплатната услуга Outlook.com во Сингапур или Хонг Конг, вие склучувате договор со Microsoft Regional Sales Corp., корпорација организирана според законите на државата Невада, САД, со филијали во Сингапур и Хонг Конг, со главно седиште на 438B Alexandra Road, #04-09/12, Block B, Alexandra Technopark, Singapore, 119968; под услов да живеете во (или ако сте правно лице и вашето главно седиште е) Австралија, склучувате договор со Microsoft Pty Ltd, 1 Epping Road, North Ryde, NSW 2113, Australia, а ако живеете во (или ако сте правно лице и вашето главно седиште е) Нов Зеланд, склучувате договор со Microsoft New Zealand Limited, Level 5, 22 Viaduct Harbour Avenue, PO Box 8070 Symonds Street, Auckland, 1150 New Zealand. За бесплатните и платените услуги за потрошувачи од брендот Skype, за толкување на овие услови и побарувањата при нивно прекршување се применуваат законите на државата Вашингтон, без оглед на судирот на законските принципи. За сите други побарувања (вклучувајќи ги и побарувањата за заштита на потрошувачите, нелојална конкуренција и неизвршување обврски) се применуваат законите на земјата каде што ја обезбедуваме вашата услуга. Сите спорови што ќе произлезат од или се во врска со овие услови или услугите освен Skype, вклучувајќи кое било прашање во врска со нивното постоење, важност или прекинување, се упатуваат и конечно се решаваат со арбитража во Сингапур во согласност со Правилата за арбитража на Меѓународниот центар за арбитража во Сингапур (SIAC), чиишто правила се вклучени во оваа клаузула преку референца. Трибуналот се состои од еден арбитер што го назначува претседателот на SIAC. Јазикот на арбитражата е англиски. Одлуката на арбитерот е конечна, обврзувачка и неоспорлива и може да се користи како основа за пресуда во која било земја или регион.
  • д. Јапонија. Ако живеете (или ако сте правно лице и местото на вашето главно работење е) во Јапонија и ги користите бесплатните делови на услугите (како што се Bing и MSN), вие склучувате договор со Microsoft Corporation, One Microsoft Way, Redmond, WA 98052, U.S.A. Ако плаќате за користење на дел од услугите, вие склучувате договор со Microsoft Japan Co., Ltd (MSKK), Shinagawa Grand Central Tower, 2-16-3 Konan Minato-ku, Tokyo 108-0075. Кај бесплатните и платените услуги, за овие услови и сите спорни прашања што произлегуваат од или се во врска со нив или услугите се применуваат законите на Јапонија. Вие и ние неотповикливо ја признаваме ексклузивната оригинална надлежност и местото за водење на спорот на Окружниот суд во Токио за сите спорови што ќе произлезат од или се во врска со овие услови или услугите.
  • ѓ. Република Кореја. Ако живеете (или ако сте правно лице и местото на вашето главно работење е) во Република Кореја и ги користите бесплатните делови на услугите (како што се Bing и MSN), вие склучувате договор со Microsoft Corporation, One Microsoft Way, Redmond, WA 98052, U.S.A. Ако плаќате за користење на дел од услугите, вие склучувате договор со Microsoft Korea, Inc., 11th Floor, Tower A, K-Twin Tower, Jongro 1 gil 50, Jongro-gu, Seoul, Republic of Korea, 110-150. Кај бесплатните и платените услуги, за овие услови и сите спорни прашања што произлегуваат од или се во врска со нив или услугите, се применуваат законите на Република Кореја. Вие и ние неотповикливо ја признаваме ексклузивната оригинална надлежност и местото за водење на спорот на Централниот окружен суд во Сеул за сите спорови што ќе произлезат од или во врска со овие услови или услугите.
  • е. Тајван. Ако живеете (или ако сте правно лице и местото на вашето главно работење е) во Тајван и ги користите бесплатните делови на услугите (како што се Bing и MSN), вие склучувате договор со Microsoft Corporation, One Microsoft Way, Redmond, WA 98052, U.S.A. Ако плаќате за користење на дел од услугите, вие склучувате договор со Microsoft Taiwan Corp., 18F, No. 68, Sec. 5, Zhongxiao E. Rd., Xinyi District, Taipei 11065, Taiwan. Кај бесплатните и платените услуги, за овие услови и сите спорни прашања што произлегуваат од или се во врска со нив или услугите, се применуваат законите на Тајван. За повеќе информации во врска со Microsoft Taiwan Corp., погледнете го вебсајтот обезбеден од Министерството за економски прашања на Република Кина. Вие и ние неотповикливо го назначуваме Окружниот суд во Тајпеј за првостепен суд што има надлежност над сите спорови што произлегуваат од или се во врска со овие услови или услугите, до најголемиот можен опфат што го дозволуваат законите на Тајван.

Вашите локални закони за потрошувачите може да бараат да се применуваат одредени локални закони или ви даваат право да ги решавате споровите на друг форум без оглед на овие услови. Во таков случај се применуваат одредбите од дел 10 за избор на закон и форум, онолку колку што дозволува вашиот локален закон.

Целосен текст
ГаранцииГаранции12_Warranties
Резиме

11. Гаранции.

  • а. MICROSOFT И НАШИТЕ ПОВРЗАНИ ДРУШТВА, ПРЕПРОДАВАЧИ, ДИСТРИБУТЕРИ И ПРОДАВАЧИ, НЕ ДАВААТ НИКАКВИ ГАРАНЦИИ, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИТНИ, ИЛИ ГАРАНТНИ УСЛОВИ ВО ОДНОС НА ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГИТЕ. ВИЕ РАЗБИРАТЕ ДЕКА ГИ КОРИСТИТЕ УСЛУГИТЕ НА СОПСТВЕН РИЗИК И ДЕКА ГИ ОБЕЗБЕДУВАМЕ УСЛУГИТЕ „ТАКВИ КАКВИ ШТО СЕ“ СО „СИТЕ ГРЕШКИ“ И „ТАКВИ КАКВИ ШТО СЕ ДОСТАПНИ“. MICROSOFT НЕ ГАРАНТИРА ЗА ТОЧНОСТА ИЛИ НАВРЕМЕНОСТА НА УСЛУГИТЕ. МОЖЕ ДА ИМАТЕ ОДРЕДЕНИ ПРАВА СПОРЕД ЛОКАЛНИТЕ ЗАКОНИ. НИШТО ОД ОВИЕ УСЛОВИ НЕ НАМЕНЕТО ДА ВЛИЈАЕ ВРЗ ТИЕ ПРАВА, АКО СЕ ТИЕ ПРИМЕНЛИВИ. ПРИФАЌАТЕ ДЕКА КОМПЈУТЕРСКИТЕ И ТЕЛЕКОМУНИКАЦИСКИТЕ СИСТЕМИ НЕ СЕ БЕЗ ГРЕШКА И ПОВРЕМЕНО МОЖЕ ДА НЕ РАБОТАТ. НЕ ГАРАНТИРАМЕ ДЕКА УСЛУГИТЕ ЌЕ БИДАТ НЕПРЕКИНАТИ, НАВРЕМЕНИ, БЕЗБЕДНИ И БЕЗ ГРЕШКА И ДЕКА НЕМА ДА ДОЈДЕ ДО ГУБЕЊЕ НА СОДРЖИНИ, НИТУ ГАРАНТИРАМЕ КАКВА БИЛО ВРСКА ДО ИЛИ ПРЕНОС ОД КОМЈУТЕРСКИ МРЕЖИ.
  • б. ДО СТЕПЕНОТ ДОЗВОЛЕН СО ВАЖЕЧКИТЕ ЛОКАЛНИ ЗАКОНИ, ИСКЛУЧУВАМЕ СЕКАКВИ ИМПЛИЦИТНИ ГАРАНЦИИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ ГАРАНЦИИ ЗА ПРИГОДНОСТ ЗА ТРГУВАЊЕ, ЗАДОВОЛУВАЧКИ КВАЛИТЕТ, СООДВЕТНОСТ ЗА ОДРЕДЕНА НАМЕНА, СТРУЧЕН НАПОР И НЕПОВРЕДУВАЊЕ НА ПРАВА.
  • в. За потрошувачите што живеат во Австралија: Нашата стока се испорачува со гаранции што не може да се исклучат со австралискиот закон за потрошувачи. Имате право на замена или рефундирање за поголеми проблеми и надоместување за сите други разумно предвидливи загуби или штети. Исто така, имате право на поправка или замена на стоките, ако истите немаат прифатлив квалитет, а проблемот не се смета за голем.
  • г. За потрошувачите што живеат во Нов Зеланд, може да имате законски права според Законот за гаранции за потрошувачите на Нов Зеланд и ништо од овие услови не е наменето да влијае врз тие права.
Целосен текст
Ограничување на одговорностаОграничување на одговорноста13_limitationOfLiability
Резиме

12. Ограничување на одговорноста.

  • а. Ако имате каква било основа за надоместување на штета (вклучувајќи го кршењето на овие услови), до степен дозволен со применлив закон, тогаш се согласувате дека ваш исклучив правен лек е надоместување на директните штети, од страна на Microsoft или кое било поврзано друштво, препродавач, дистрибутер, провајдери на апликации и услуги од трети страни и продавачи, до износот еднаков на вашиот надомест за услугите во месецот во кој се случила загубата или прекршувањето (или до 10,00 УСД ако услугите се бесплатни).
  • б. До степен дозволен со применлив закон, не можете да надоместите никакви (i) последични загуби или штети; (ii) губење на реален или предвиден профит (без оглед дали е директен или индиректен); (iii) губење на реален или предвиден приход (без оглед дали е директен или индиректен); (iv) губење на договор или зделка или други загуби и штети што произлегува од користењето на услугите во својство кое не е од лична природа; (v) специјални, индиректни, случајни или казнени загуби или штети; и (vi) до степен дозволен со закон, директни загуби или штети поголеми од ограничувањата наведени во дел 12(а) погоре. Овие ограничувања и исклучувања се применуваат ако овој правен лек не ги компензира целосно вашите загуби, не ја исполнува неговата основна цел или ако знаевме или требало да знаеме дека постои можност за настанување на штета. До максималниот степен дозволен со закон, овие ограничувања и исклучувања се применуваат на сè односно секое побарување во врска со овие услови, услугите или софтверот поврзан со услугите.
  • в. Microsoft не е одговорен ниту има какви било обврски за какво било неизвршување или доцнење во извршувањето на неговите обврски според овие услови доколку неизвршувањето или доцнењето е предизвикано од околности што се надвор од разумната контрола на Microsoft (како што се спорови со работната сила, виша сила, војна или терористички дејства, злонамерно оштетување, незгоди или почитување на каков било применлив закон или налог на властите). Microsoft ќе вложи напори да ги минимизира ефектите од кој било од овие настани и да ги изврши обврските што не се засегнати.
Целосен текст
Услови за конкретни услугиУслови за конкретни услуги14_service-SpecificTerms
Резиме

13. Услови за конкретни услуги. Условите пред и по дел 13 се однесуваат општо на сите услуги. Овој дел содржи услови за конкретни услуги како дополнување на општите услови. Овие услови за конкретни услуги контролираат ако има какви било конфликти со општите услови.

Целосен текст
Xbox Live и игри и апликации на Microsoft StudiosXbox Live и игри и апликации на Microsoft Studios14a_XboxLive
Резиме
  • а. Xbox Live и игри и апликации на Microsoft Studios.
    • i. Лично некомерцијално користење. Xbox Live, Игри за Windows Live и игрите, апликациите, услугите и содржините на Microsoft Studios обезбедени од Microsoft (под едно име "Xbox услуги") се наменети само за лично и некомерцијално користење.
    • ii. Услуги на Xbox. Кога ќе се пријавите на Xbox Live и/или добивате услуги на Xbox, информациите во врска со играњето на играта, активностите и користењето на услугите на Xbox ќе се следат и споделуваат со важечките развивачи на игри од трети страни за да можат Microsoft и развивачите на игри од трети страни да работат на нивните игри и да испорачуваат услуги на Xbox. Доколку изберете да ја поврзете сметката за услугите Xbox на Microsoft со ваша сметка на услуга која не е на Microsoft (на пример, издавач на игра кој не е на Microsoft или апликации и услуги од трети страни), согласни сте дека: (а) Microsoft може да споделува ограничени информации за сметка (без ограничување, вклучувајќи ознака на играч, резултати на играч, резултати од игра, историја на игра и список со пријатели) со страната која не е на Microsoft, како што е наведено во изјавата за приватност на Microsoft и (б) доколку тоа го дозволуваат вашите параметри за Xbox, страната која не е на Microsoft може да има пристап до содржината на вашата комуникацијата во рамки на играта кога ќе се пријавите на вашата сметка кај таа страна која не е на Microsoft. Исто така, ако е дозволено со вашите параметри за приватност во Xbox, Microsoft може да ги објави вашето име, ознака на играч, слика на играч, мото, аватар, клипови од игри и игри што сте ги играле во комуникациите со луѓето што сте ги дозволиле.
    • iii. Ваши содржини. Како дел од градењето на заедницата на Xbox услугите, му давате слободно и глобално право на Microsoft, неговите содружници и иматели на подлиценци да ги користат, менуваат, репродуцираат, дистрибуираат, емитуваат, споделуваат и да ги прикажуваат вашите содржини или вашето име, ознака на играч, мото или аватар што сте ги објавиле за која било услуга на Xbox.
    • iv. Менаџери на игра. Некои игри може да користат менаџери и домаќини. Менаџерите на игри и домаќините не се овластени портпароли на Microsoft. Нивните мислења не мора да ги претставуваат оние на Microsoft.
    • v. Деца на Xbox. Ако сте малолетни и користите Xbox Live, тогаш вашиот родител или старател може да има контрола на многу елементи од вашата сметка и може да добива извештаи за вашето користење на Xbox Live.
    • vi. Валута на играта и вируелни стоки. Услугите може да вклучуваат виртуелна валута на играта (како злато, монети или поени) што може да се купи од Microsoft со користење на реални инструменти за плаќање, доколку сте полнолетни во земјата на живеење. Исто така, услугите може да вклучуваат виртуелни дигитални предмети или стоки, што може да се купат од Microsoft со користење на реални инструменти за плаќање или со користење на валутата на играта. Валутата на играта и виртуелните стоки не може да се заменат за реални инструменти за плаќање, стоки или други предмети со парична вредност од Microsoft или од која било друга страна. Освен ограничената, лична, отповиклива, непренослива лиценца без можност за натамошно лиценцирање за користење на валутата на играта и виртуелните стоки само во рамките на услугите, вие немате право или сопственост на каква било валута на игра или виртуелни стоки што се појавуваат или произлегуваат од услугите или кои било други атрибути поврзани со користењето на услугите или зачувани во рамки на услугите. Microsoft може во секое време да ги регулира, контролира, изменува и/или елиминира валутата на играта и/или виртуелните стоки доколку смета дека е соодветно.
    • vii. Ажурирања на софтвер. За сите уреди што можат да се поврзат на услугите на Xbox, можеме автоматски да ја провериме верзијата на софтверот за конзола за Xbox или за апликацијата Xbox и да преземеме ажурирања за софтверот за конзола за Xbox или за апликацијата Xbox, како и промени на конфигурацијата, вклучувајќи ги и оние што го спречуваат вашиот пристап до услугите на Xbox, со помош на неовластени игри или апликации на Xbox или со помош на неовластени хардверски периферни уреди за конзолата за Xbox.
    • viii. Истекување на ознака на играч. Потребно е да се пријавите на услугите на Xbox најмалку еднаш во период од пет години, оти во спротивно можете да го изгубите пристапот до ознаката на играч за вашата сметка, па таа ознака на играч да стане достапна за други корисници.
    • ix. Arena. Arena е Xbox услуга со која Microsoft или трета страна може да ви ја понудат можноста за учество или креирање на конкурентски натпревар во видеоигри, понекогаш за награда („Натпревар“). Вашето користење на Arena е предмет на овие услови и од вас може да се побара да прифатите дополнителни одредби, услови и правила на натпреварот што организаторот на натпреварот ги бара во моментот на пријавувањето („Услови на натпреварот“). Може да се применат правила за подобност и може да се разликуваат според јурисдикцијата. Натпреварите се неважечки онаму каде што е забрането или ограничено со закон. Прекршувањето на овие правила (вклучувајќи го и кодексот на однесување) или условите на натпреварот може да резултира со казна или дисквалификација од натпреварот. Доколку креирате натпревар, може да не ви требаат никакви правила на натпреварот за кои Microsoft (според сопственото мислење) смета дека се неконзистентни со овие услови. Microsoft го задржува правото во секое време да го откаже натпреварот.
    • x. Софтвер за мамење и злонамерно модифицирање. За сите уреди што може да се поврзат на услугите на Xbox, можеме автоматски да го провериме уредот за неовластен хардвер или софтвер што овозможува мамење или злонамерно модифицирање во прекршувањето на кодексот на однесување или овие услови и да преземеме ажурирања на софтверот на апликацијата Xbox или промени за конфигурацијата, вклучувајќи ги и оние што го спречуваат вашиот пристап до услугите на Xbox или апликации на Xbox или користењето на неовластен хардвер или софтвер што овозможува мамење или злонамерно модифицирање.
    • xi. Mixer.
      • 1. Сметки на Mixer и сметки на Microsoft. Доколку ја користите услугата Mixer со сметка на Mixer, тогаш вашето користење е покриено со условите за користење достапни на https://mixer.com/about/tos. Доколку ја користите услугата Mixer со сметка на Microsoft, тогаш вашето користење е исто така покриено со овие услови за користење. Овие услови се применуваат онаму каде што има конфликт.
      • 2. Ваши содржини на Mixer.Ваши содржини на Mixer“ ги подразбира сите содржини што вие или некој во ваше име ги креира на услугата Mixer, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на емитувањата во живо и снимените емитувања (и сите содржини, како аудиовизуелни содржини што тие ги содржат); имиња на брендови, трговски заштитени знаци, заштитни знаци на услугите, заштитени имиња, логоа или индиции на потеклото; ваши коментари, емотикони и активности во каналите на Mixer (вклучувајќи содржини генерирани од ботови); и сите поврзани метаподатоци. Секој, вклучувајќи го Microsoft и корисниците, може да ги види, хостира, репродуцира, модифицира, дистрибуира, објавува, јавно и дигитално изведува и прикажува, преведува, приспособува и на друг начин ги искористува вашите содржини на Mixer, во која било форма, формат, медиум или канали што не се познати или се развиени подоцна.
      • 3. Кодекс за однесување што се применува на Mixer. Кликнете тука за повеќе информации како кодексот на однесување на Microsoft се применува на Mixer.
      • 4. Користење на услугата Mixer.
        • а. Минимална возраст. Со користење на услугата Mixer, изјавувате дека имате најмалку 13 години, а доколку сте малолетни онаму каде што живеете, вашето користење го надгледува родител или законски старател.
        • б. Анонимно и неанонимно користење. Може да го користете Mixer анонимно, доколку сакате само да ги видите содржините. Во спротивно, ќе треба да создадете сметка, да се пријавите, па другите пораки ќе им се идентификуваат на другите корисници со вашето име на Mixer.
        • в. Сметки за неанонимно користење. Може да создадете сметка на Microsoft и/или сметка на Mixer за неанонимни користења на услугата Mixer. Може да создадете сметка на Mixer пријавувајќи се онлајн. Мора да ја користите сметката на Mixer за да ја одржувате активна. Пријавете се на услугата Mixer најмалку еднаш во период од пет години за да го задржите псевдонимот на Mixer поврзан со сметката на Microsoft.
      • 5. Известувања за услугите. Кога има нешто важно што треба да ви кажеме за услугата Mixer, ќе ви испратиме известувања за услугите на е-поштата придружена со вашата сметка на Mixer и/или сметката на Microsoft.
      • 6. Поддршка. Поддршка на клиентите за услугите на Mixer е достапна на mixer.com/contact.
Целосен текст
ПродавницаПродавница14b_Store
Резиме
  • б. Продавница. „Продавница“ се однесува на услугата што ви овозможува да пребарувате, преземате, купувате, и оценувате и ревидирате апликации (изразот „апликација“ вклучува игри) и други дигитални содржини. Следниве услови го покриваат користењето на Продавницата Office, Продавницата Windows и Продавницата Xbox. „Продавница Office“ е продавница за производите од Office и за апликациите за Office, Office 365, SharePoint, Exchange, Access и Project (верзија 2013 и понови) или секое друго искуство што има бренд на продавницата Office. „Продавница Windows“ е продавница за уреди на Windows како што се телефон, персонален компјутер и таблет или какво било друго искуство што има бренд на продавницата Windows. „Продавница Xbox" е продавница за конзоли на Xbox One и Xbox 360 или какво било друго искуство што има бренд на продавницата Xbox.
    • i. Услови за лиценца. Ќе го идентификуваме издавачот на секоја апликација што е достапна во соодветната продавница. Освен ако со апликацијата не се предвидени други услови за лиценца, стандардните услови за лиценца за апликација („SALT“) на крајот на овие услови се договор помеѓу вас и издавачот на апликацијата со кои се поставуваат условите за лиценца што се однесуваат на вашето користење на апликацијата што ја преземате преку Windows Store или Xbox Store. За јасност, овие услови го покриваат користењето на услугите на Microsoft и услугите што тој ги обезбедува. Дел 5 од овие услови исто така се применува за кои било апликации или услуги од трети страни набавени преку Store. За апликациите преземени преку продавницата Office Store не се применуваат SALT и тие имаат посебни услови за лиценца што се применуваат.
    • ii. Ажурирања. Microsoft автоматски ќе проверува и ќе ги презема ажурирањата за вашите апликации дури и ако не сте најавени на соодветната продавница. Ако не сакате да добивате автоматско ажурирање за апликациите од продавницата, можете да ги промените поставките за вашата продавница или систем. Меѓутоа, одредени апликации од продавницата Office што се целосно или делумно хостирани онлајн можат да бидат ажурирани во секое време од страна на развојните програмери и да не бараат дозвола за ажурирање.
    • iii. Оценувања и ревизии. Доколку оцените или ревидирате апликација или друга дигитална стока во продавницата, може да добиете е-пошта од Microsoft со содржина од издавачот на апликацијата или дигиталната стока. Секоја таква е-пошта доаѓа од Microsoft; ние не ја споделуваме адресата на вашата е-пошта со издавач на апликации или други дигитални стоки што ги набавувате преку продавницата.
    • iv. Предупредување за безбедност. За да се избегне можна повреда, непријатност или замор на очите, треба периодично да правите пауза во користењето на игрите или на другите апликации, особено ако чувствувате каква било болка или замор од користењето. Доколку имате непријатност, направете пауза. Непријатноста може да вклучува чувство на мачнина, морска болест, вртоглавица, дезориентираност, главоболка, умор, замор на очите или суви очи. Користењето апликации може да ви го одвлече вниманието и да ви го блокира опкружувањето. Избегнувајте опасност од сопнување, скали, спуштени тавани, кршливи или вредни предмети кои може да се оштетат. Многу мал процент од луѓето можат да имаат напад кога се изложени на одредени визуелни ефекти како блескање на светло или форми што можат да се појават во апликациите. Дури и лица што немаат доживеано напад може да имаат недијагностициран здравствен проблем што може да ги предизвика овие напади. Симптомите вклучуваат зашеметеност, изменет вид, грчеви, треперење или тресење на екстремитетите, дезориентираност, збунетост, губење на свеста или конвулзии. Ако почувствувате кој било од овие симптоми, веднаш престанете со користењето и посоветувајте се со лекар или посоветувајте се со лекар пред користењето на апликациите ако кога и да било имавте симптоми поврзани со напади. Родителите треба да ја следат појавата на симптомите кај нивните деца при користењето на апликациите.
Целосен текст
Одлики на Microsoft FamilyОдлики на Microsoft Family14c_MicrosoftFamily
Резиме
  • в. Одлики на Microsoft Family. Родителите и децата можат да ги користат функциите на семејството Microsoft за градење доверба базирана на споделено разбирање за тоа кои однесувања, вебсајтови, апликации, игри, физички локации и трошења се вистинските за нивното семејство. Родителите можат да креираат семејство со одење на https://account.microsoft.com/family (или со следење на упатствата на нивниот уред од Windows или конзола на Xbox) и со покана на децата или други родители да се придружат. Има многу функции што се достапни за членовите на семејството, затоа внимателно прегледајте ги информациите добиени кога се согласивте да креирате или да се придружите на семејство и кога купувате дигитална стока за семеен пристап. Со креирање или придружување на семејство, се согласувате дека ќе го користите семејството во согласност со неговата намена и нема да го користите на неовластен начин за да добиете незаконски пристап до информациите на друго лице.
Целосен текст
Групна размена на поракиГрупна размена на пораки14d_GroupMessaging
Резиме
  • г. Групна размена на пораки. Различните услуги од Microsoft ви овозможуваат да испраќате пораки до други преку гласовни или СМС пораки („пораки“) и/или овозможуваат Microsoft и филијали под контрола на Microsoft да ви испраќаат такви пораки вам или на уште еден или повеќе други корисници во ваше име. КОГА ЌЕ ДАДЕТЕ УПАТСТВА MICROSOFT И ФИЛИЈАЛИТЕ ПОД КОНТРОЛА НА MICROSOFT ДА ВИ ИСПРАЌААТ ТАКВИ ПОРАКИ ВАМ ИЛИ НА ДРУГИ ЛИЦА, ИЗЈАВУВАТЕ И НИ ГАРАНТИРАТЕ ДЕКА ВИЕ И СЕКОЕ ДРУГО ЛИЦЕ ЗА КОЕ СТЕ НИ ДАЛЕ УПАТСТВА ДА ИСПРАЌАМЕ ПОРАКИ СЕ СОГЛАСНИ ДА ПРИМААТ ТАКВИ ПОРАКИ И ДРУГИ СРОДНИ АДМИНИСТРАТИВНИ ТЕКСТУАЛНИ ПОРАКИ ОД MICROSOFT И ОД ФИЛИЈАЛИТЕ ПОД КОНТРОЛА НА MICROSOFT. „Административни текстуални пораки“ се периодични трансакциски пораки од определена услуга на Microsoft, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на „пораки за добредојде“ или упатства за запирање на примањето пораки. Ако вие или членовите од групата повеќе не сакате да примате такви пораки, во секое време можете да изберете да не добивате дополнителни пораки од Microsoft или од филијалите под контрола на Microsoft, со следење на обезбедените упатства. Доколку повеќе не сакате да примате такви пораки или да бидете дел од групата, се согласувате дека ќе го изберете тоа преку упатствата што ги обезбедува дадената програма или услуга. Доколку има причина да верувате дека некој член на групата повеќе не сака да прима такви пораки или да биде дел од групата, се согласувате дека ќе го отстраните од неа. Исто така, изјавувате и ни гарантирате дека вие и секое друго лице за кое сте ни дале упатства да испраќаме пораки, разбира дека секој член во групата е одговорен за трошоците за пораки што ги утврдил мобилниот оператор, вклучувајќи ги трошоците за меѓународни пораки кои би можеле да важат кога пораките се пренесуваат од броеви што се наоѓаат во САД.
Целосен текст
Skype и GroupMeSkype и GroupMe14e_Skype
Резиме
  • д. Skype и GroupMe.
    • i. Без пристап до итните служби. Има битна разлика меѓу традиционалнта телефонска услуга и Skype. Со никакви применливи локални или национални правила, прописи или закони од Skype не се бара да понуди пристап до итните служби. Софтверот и производите на Skype не се наменети за поддршка или пренесување на итни повици до кои било болници, агенции за спроведување на законот, единици за медицинска нега или кој било друг вид на услуги што го поврзуваат корисникот со персоналот на итните служби или со центрите за повици на јавните служби за безбедност („Итни служби“). Вие потврдувате и се согласувате дека: (i) ваша одговорност е да обезбедите традиционална безжична (мобилна) или фиксна телефонска услуга што обезбедува пристап до итните служби, и (ii) Skype не е замена за вашата примарна телефонска услуга.
    • ii. API или емитување. Ако сакате да го користите Skype во врска со какво било емитување, тогаш мора да ги почитувате „Условите за користење услуга на емитување" дадени на https://www.skype.com/go/legal.broadcast. Ако сакате да користите каков било програмски интерфејс на апликација („API“) изложен или овозможен од Skype, тогаш мора да ги почитувате применливите услови за лиценца што се достапни на www.skype.com/go/legal.
    • iii. Политики на фер користење. За вашето користење на Skype може да се применат политиките на фер користење. Ве молиме да ги прегледате овие политики кои се дизајнирани за заштита од измами и злоупотреби и можат да постават ограничувања за видот, траењето или обемот на повиците или пораките што можете да ги правите. Овие политики се вградени во овие услови преку упатна одредба. Можете да ги најдете овие политики на https://www.skype.com/go/terms.fairusage/.
    • iv. Мапирање. Skype има одлики што овозможуваат да поставите информации или да се обележите на мапа користејќи ја услугата за мапирање. Со користење на оваа функција, согласни сте со овие услови и со условите на Google Maps достапни на https://www.google.com/intl/en_ALL/help/terms_maps.html или со условите на Google Maps кои се достапни во вашата земја.
    • v. Владини корисници. Ако сакате да користите деловна сметка или Skype Manager во име на владата на САД или на агенција на владата на САД, тогаш овие услови не се применуваат за вас. За применливите услови или подетални информации, контактирајте со usgovusers@skype.net.
    • vi. Лично/некомерцијално користење. Користењето на Skype е за ваше лично и некомерцијално користење. Дозволено ви е да користите Skype на работа за вашите сопствени деловни комуникации.
    • vii. Број за Skype/Skype To Go. Ако Skype ви даде број за Skype или број за Skype To Go, тогаш вие се сложувате дека не го поседувате бројот и дека немате право да го задржите тој број засекогаш. Во одредени земји, бројот може да ви биде достапен преку партнер на Skype наместо преку Skype и може да биде потребно да направите посебен договор со тој партнер.
    • viii. Skype Manager. „Административната сметка на Skype Manager“ е креирана и управувана од ваша страна во својство на индивидуален администратор на група во Skype Manager, а не како деловен субјект. Вашата индивидуална сметка на Microsoft може да ја поврзете со група на Skype Manager („Поврзана сметка“). Можете да назначите дополнителни администратори на вашата група во Skype Manager доколку ги прифаќаат овие услови. Ако доделите броеви на Skype во поврзана сметка, тогаш вие сте одговорни за почитување на секое барање во врска со местото на живеење или локацијата на корисниците на вашата поврзана сметка. Ако одлучите да прекинете врска на поврзана сметка од група во Skype Manager, тогаш сите доделени претплати, кредит на Skype или броеви на Skype ќе бидат неповратно изгубени, а вашите содржини или материјал придружени со прекинатата врска повеќе нема да бидат достапни за вас. Вие се согласувате да ги обработувате сите лични информации на корисниците во вашата поврзана сметка во согласност со сите применливи закони за заштита на податоците.
    • ix. Трошоци за Skype. Сите цени за платените производи на Skype ги вклучуваат применливите даноци, освен ако е поинаку наведено. Трошоците што се плаќаат за телефонски повици надвор од претплатата се состојат од надомест за поврзување (наплатен еднаш за секој повик) и цената по минута како што е утврдено на www.skype.com/go/allrates. Трошоците за повици се одземаат од салдото на вашиот кредит на Skype. Skype може во секое време да ја промени цената за повиците со објавување на тие промени на www.skype.com/go/allrates. Новата цена почнува да се применува од вашиот следен повик по објавувањето на новите цени. Ве молиме да ги проверите најновите цени пред да направите повик. Нецелите минути на повикот и нецелите трошоци се заокружуваат на следната цела бројка. Во некои земји, платените производи на Skype се обезбедуваат преку партнер на Skype и за ваквите трансакции се применуваат условите за користење на партнерот.
    • x. Кредит на Skype. Skype не гарантира дека ќе можете да го користите салдото на вашиот кредит кај Skype за купување на сите платени производи на Skype. Ако не го користите вашиот кредит кај Skype во период од 180 дена, Skype ќе го стави кредитот во мирување. Кредитот кај Skype можете да го реактивирате со следење на веб-врската за реактивирање на https://www.skype.com/go/store.reactivate.credit. Ако се наоѓате во Јапонија и купите кредит на Skype од веб-локацијата на Skype, претходните две реченици не се однесуваат на вас, а кредитот на Skype ќе истече по 180 дена од датумот на купувањето. Откако кредитот ќе ви истече, веќе нема да може да го реактивирате или да го користите. Кога купувате кредит кај Skype, можете да ја овозможите одликата Автоматско дополнување со штиклирање на соодветното поле. Ако е овозможено, вашето кредитно салдо на Skype ќе биде дополнето со истиот износ и со методот на плаќање што сте го избрале, секогаш кога салдото на Skype ќе падне под прагот што Skype го поставува од време на време. Ако купите претплата со друг метод на плаќање освен кредитна картичка, PayPal или Moneybookers (Skrill) и ја имате овозможено одликата Автоматско дополнување, вашето кредитно салдо кај Skype ќе биде дополнето со износ потребен за купување на следната периодична претплата. Автоматското дополнување можете да го оневозможите во секое време со пристапување и менување параметрите на порталот на сметката на Skype.
    • xi. Тарифи за меѓународни пораки. GroupMe тековно користи броеви во САД за секоја креирана група. Секоја текстуална порака која е испратена или примена од број на GroupMe ќе се смета за меѓународна текстуална порака која е испратена или примена во Соединетите Американски Држави. Проверете ги поврзаните меѓународни цени кај вашиот провајдер.
    • xii. Испраќање и примање пари. Користејќи ја функцијата за испраќање и примање пари (ако е достапна), потврдувате дека Skype користи трети страни за да обезбеди услуги на плаќање и да изврши трансфери. Skype не обезбедува услуги на плаќање или извршување трансфери и не е дејност за услуги со пари. Испраќањето и примањето пари на Skype може да им биде достапно само на корисниците кои имаат 18 години и повеќе (или поинаку согласно условите на третите страни) и кои ќе се регистрираат и се одобруваат за сметка со провајдерот од трети страни. За да ја користите услугата за испраќање пари, од вас може да се бара да се регистрирате за одредбите и условите на третите страни и да обезбедите дозволи за споделување на податоците со тие трети страни за целите на обезбедувањето на услугата. Доколку Skype добие известување дека вашето користење на функцијата за испраќање пари ги прекршува одредбите и условите на третата страна, Skype може ќе треба да преземе дејство против вашата сметка, како на пример нејзино откажување или суспендирање. Skype или Microsoft нема да бидат одговорни за услугите за плаќање што ги обезбедуваат третите страни, ниту за какви било дејства што ги преземаат тие трети страни под нивните одредби и услови. Skype не обезбедува гаранции, застапувања ниту гарантни услови дека функцијата за испраќање и примање пари ќе биде достапна или ќе продолжи да биде достапна.
Целосен текст
Bing и MSNBing и MSN14f_BingandMSN
Резиме
  • ѓ. Bing и MSN.
    • i. Материјали на Bing и MSN. Написите, текстовите, фотографиите, мапите, видеозаписите, видеоплеерите и материјалите од трети страни што се достапни на Bing и MSN, вклучително и преку ботовите, апликациите и програмите на Microsoft, се само за ваше некомерцијално лично користење. Другите употреби, вклучувајќи го преземањето, копирањето или редистрибуирањето на овие материјали, или, пак, користењето на овие материјали или производи за создавање сопствени производи, дозволени се само до оној обем конкретно одобрен од Microsoft или сопствениците на правата, или, пак, дозволен со применливите закони за авторски права. Microsoft или другите иматели на права ги задржуваат сите права на материјалот што не се изречно дадени од Microsoft со условите за лиценца, било тоа да е имплицитно, со естопел или на друг начин.
    • ii. Мапи Bing. Сликите на Соединетите Американски Држави, Канада, Мексико, Нов Зеланд, Австралија или Јапонија од услугата Bird's eye, не можете да ги користите за владина употреба без посебно пишано одобрение.
    • iii. Bing места и центарот на производители на Bing. Кога ќе ги обезбедите вашите податоци или содржини за Bing местата или центарот на производители на Bing, му давате глобална лиценца, ослободена од тантиеми за интелектуална сопственост, на Microsoft за користење, репродуцирање, зачувување, менување, агрегирање, промовирање, пренесување, прикажување или дистрибуирање, како дел од услуга, како и за подлиценцирање на тие права на трети страни.
Целосен текст
CortanaCortana14g_Cortana
Резиме
  • е. Cortana.
    • i. Лично некомерцијално користење. Cortana е услуга на личен асистент на Microsoft. Функциите, услугите, содржините, како и апликациите и услугите од трети страни што ги обезбедува Cortana (заедно „Услуги на Cortana“) се наменети само за лично и некомерцијално користење.
    • ii. Функционалност и содржини. Cortana обезбедува палета од функции, од кои некои се персонализирани. Услугите на Cortana може да ви дозволат пристап до услугите, информациите или функционалноста што ги обезбедуваат другите услуги на Microsoft или апликациите и услугите од трети страни. Условите за конкретни услуги од делот 13 исто така се однесуваат на вашето користење на применливите услуги на Microsoft до кои се пристапува преку услугите на Cortana. Cortana само обезбедува информации за вашето планирање, а вие самите треба да направите независна проценка при прегледот и потпирањето на овие информации. Microsoft не гарантира за сигурноста, достапноста или навременоста на персонализираните искуства обезбедени од Cortana. Microsoft не е одговорен ако некоја одлика за управување со пораките на Cortana ве задржи или ве спречи во добивањето, прегледувањето или испраќањето на дадени пораки или известување.
    • iii. Апликации и услуги од трети страни. Како дел од доставувањето на услугите на Cortana, Cortana може да разменува информации со апликациите и услугите од трети страни, како на пример поштенскиот број и прашањата и одговорите кои ги возвраќаат апликациите и услугите од трети страни, со цел да се исполни вашето барање. Преку поврзување на сметките, Cortana може на корисниците да им овозможи купувања преку апликациите и услугите од трети страни, користејќи ги претпочитањата и параметрите на сметката што корисникот ги воспоставил директно со тие апликации и услуги од трети страни. Корисниците може да го исклучат поврзувањето на сметките во секое време. Вашето користење на апликациите и услугите од трети страни е покриено во дел 5 од овие услови. Издавачите на апликациите и услугите од трети страни може да ги изменат или прекинат функционалноста или одликите на нивните апликации и услуги од трети страни или интеграцијата со услугите на Cortana. Microsoft не е одговорен или обврзан за софтверот или фирмверот што ги обезбедува производителот.
    • iv. Уреди овозможени за Cortana. Уреди овозможени за Cortana се производи улу уреди што се овозможени да им пристапуваат на услугите на Cortana или, пак, производи или уреди што се компатибилни со услугите на Cortana. Уредите овозможени за Cortana вклучуваат уреди или производи од трети страни што Microsoft не ги поседува, произведува или развива. Microsoft не е одговорен или обврзан за тие уреди или производи од трети страни.
    • v. Ажурирања на софтвер. За кој било уред што се поврзува со услугите на Cortana, автоматски можеме да ја проверуваме верзијата на софтверот на услугите на Cortana и да преземаме софтверски ажурирања или промени во конфигурацијата, или, пак да бараме од сите производители на уредите овозможени за Cortana да го одржуваат ажуриран софтверот на услугите на Cortana.
Целосен текст
Outlook.comOutlook.com14h_Outlook_com
Резиме
  • ж. Outlook.com. Адресите за е-пошта на Outlook.com (односно @msn, @hotmail или @live) што ги користите за креирање на вашата сметка на Microsoft ќе бидат единствени за вас сè додека вашето приемно сандаче на Outlook.com или сметката на Microsoft се активни. Во случај вашето приемно сандаче на Outlook.com или сметката на Microsoft да се затворат од ваша страна или од страна на Microsoft според овие услови, адресата за е-пошта или корисничкото име може да се врати во нашиот систем и да се додели на друг корисник.
Целосен текст
Услуги на OfficeУслуги на Office14i_officeBasedServices
Резиме
  • з. Услуги на Office. Office 365 Home, Office 365 Personal, Office 365 University, Office Online, Sway, OneNote.com и која било друга претплата на Office 365 или услугите од брендот на Office се за ваше лично некомерцијално користење, освен ако имате права за комерцијално користење според посебен договор со Microsoft.
Целосен текст
Услуги на Microsoft HealthУслуги на Microsoft Health14j_MicrosoftHealthServices
Резиме
  • ѕ. Услуги на Microsoft Health.
    • i. HealthVault. HealthVault е наменет за да ги складирате вашите лични информации за здравјето и информации за други лица (како што се лицата од вашето семејство) со нивна согласност. Сметките на HealthVault не се предвидени за користење од страна на давателите на здравствени услуги или за каква било друга комерцијална намена или намена што не е од лична природа. Податоците од вашата сметка не можат секогаш да бидат точни или најнови и треба да се замаат само како информативни од страна на кој било давател на здравствени услуги. Услугата HealthVault не држи записи за давателите на здравствени услуги или за други медицински цели или цели за водење на случаи. На пример, записите од HealthVault не се наменски пакети записи како што е дефинирано со прописите на САД. Ако давателот на здравствени услуги одлучи да вклучи во неговите записи какви било податоци достапни од HealthVault, тој треба да зачува копија во неговиот систем. Ако во вашата сметка има и друг чувар на одреден запис (бидејќи еден од вас го поканил другиот), вие прифаќате дека другиот чувар има целосна контрола над тој запис и може да го прекине вашиот пристап до записот, да управува со пристапите на други лица до записот и со прегледот на податоците од записот, вклучувајќи како и кога тој се користи. Microsoft не поддржува акредитиви што не се од Microsoft (како од Facebook и OpenID), така што поддршката за клиентите на HealthVault нема да може да помогне за прашањата за најавување за нив. Ако ги изгубите акредитивите за најавување или ако сметката за која имате акредитиви се затвори, вие нема да можете да ги вратите вашите складирани податоци. За да можете да одржите постојан пристап, ви предлагаме да користите повеќе акредитиви за најава на вашата сметка на HealthVault. Microsoft не ги одобрува ниту ги контролира и не е одговорен за функционирањето, поддршката или безбедноста на акредитивите што не се од Microsoft кои можете да ги користите.
    • ii. Microsoft Band. Уредот и апликацијата Microsoft Band не се медицински уреди, туку се предвидени само за цели на фитнес и благосостојба. Не се направени или предвидени за дијагностичка употреба кај болести или други состојби, ниту пак за лекување, ублажување, нега или спречување на болести или други состојби. Microsoft не е одговорен за одлуките што сте ги донеле врз основа на информациите добиени од Microsoft Band.
Целосен текст
Дигитална стокаДигитална стока14k_DigitalGoods
Резиме
  • и. Дигитална стока. Преку Microsoft Groove, Microsoft Movies & TV, продавницата и другите сродни и идни услуги, Microsoft може да ви овозможи да набавите, слушате, гледате, репродуцирате или читате (соодветно) музика, слики, видеозаписи, текст, книги или друг материјал („Дигитална стока“) што може да го добиете во дигитална форма. Дигиталната стока е само за ваше лично, некомерцијално користење за забава. Согласни сте дека нема да редистрибуирате, емитувате, јавно изведувате или јавно изложувате или пренесувате, примероци од дигиталната стока. Дигиталната стока може да биде во сопственост на Microsoft или на трети страни. Во секој случај, вие разбирате и признавате дека вашите права во однос на дигиталната стока се ограничени со овие услови, законот за заштита на авторските права и правилата за користење дадени на https://go.microsoft.com/fwlink/p/?LinkId=723143. Вие се согласувате дека нема да се обидувате да модифицирате каква било дигитална стока преку која било услуга од која било причина, вклучувајќи ја намерата да се скрие или смени сопственоста или изворот на дигиталната стока. Microsoft или сопствениците на дигиталната стока можат, од време на време, без известување да ја повлечат дигиталната стока од услугите.
Целосен текст
OneDriveOneDrive14l_OneDrive
Резиме
  • ј. OneDrive.
    • i. Распределба на склад. Доколку на сметката на OneDrive сте складирале повеќе содржина од обезбедената, согласно условите за бесплатна или платена претплатничка услуга за OneDrive и не одговорите на известувањето од Microsoft за корекција на сметката со отстранување на вишокот содржина или со преминување на нов претплатнички план со поголем склад, го задржуваме правото да ја затвориме вашата сметка и да го избришеме или оневозможиме пристапот до вашата содржина на OneDrive.
    • ii. Изведба на услугата. Во зависност од фактори како што се вашата опрема, поврзувањето со интернет и заложбите на Microsoft да се одржат изведбата и интегритетот на услугата, можно е повремено да искусувате задоцнување во поставувањето или синхронизирањето содржина на OneDrive.
Целосен текст
Microsoft RewardsMicrosoft Rewards14m_MicrosoftRewards
Резиме
  • к. Microsoft Rewards.
    • i. Програма. Microsoft Rewards („Програмата“) ви овозможува да заработите поени што може да ги откупувате за активности, како квалификувани пребарувања, набавки, време поминато во активно пребарување со Microsoft Edge и други понуди од Microsoft. Понудите може да се разликуваат според пазарот. Пребарување е дејство на индивидуален корисник што рачно внесува текст со добронамерна цел на добивање резултати од пребарување на Bing за сопствени цели на истражување и не вклучува барање внесено од бот, макро или други автоматски или лажни средства од каков било вид („Пребарување“). Набавка е процес на купување стока или преземање и набавување лиценца за дигитална содржина од Microsoft, без оглед дали е бесплатна или платена („Набавка“). Поени за Rewards не се нудат за секое купување од Microsoft. Активното пребарување со Microsoft Edge значи дека го имате прегледувачот прикажан на екранот на вашиот уред (на пр. отворен и се користи, така што иконата на Microsoft Edge е нагласена во лентата со задачи, укажувајќи дека тоа е апликацијата што тековно се користи) и дека се вклучувате со прегледувачот во приказ на веб-локации, гледање видеа во прегледувачот, проверка на е-пошта или други употреби за кои се користат прегледувачите. За да заработите поени користејќи го Microsoft Edge, Bing мора да биде поставен како стандарден пребарувач на прегледувачот, а телеметријата мора да се овозможи во параметрите на Windows. Microsoft може да нуди дополнителни можности да заработувате поени одвреме-навреме, а секоја понуда за заработување поени нема да биде достапна вечно. Вашите заработени поени може да се откупат за ставки („Rewards“) на страницата за откупување. За повеќе информации, погледнете во делот Rewards на support.microsoft.com („ЧПП“).
      • 1. Програмски барања. Потребна ви е важечка сметка на Microsoft, а вашите уреди мора да ги исполнуваат минималните системски барања. Програмата е отворена за корисниците што се со место на живеење во пазарите наведени во ЧПП. Поединци не може да имаат повеќе од една сметка на програмата, дури и ако поединецот има повеќе адреси на е-пошта, а домаќинствата се ограничени на шест сметки. Програмата е само за ваше лично и некомерцијално користење.
      • 2. Поени. Не може да ги пренесувате поените, освен да ги донирате на непрофитни организации наведени во центарот за откупување. Поените не се ваша лична сопственост и не може да добивате никаква готовина или пари во замена за нив. Поените ви се доделуваат на промотивна основа. Не може да купувате поени. Microsoft може да ја ограничи количината на поени или Rewards по лице, по домаќинство или во текот на поставениот период (на пр. ден). Не може да откупите повеќе од 550.000 поени по календарска година во програмата. Поените заработени во програмата не важат во ниедна друга програма што ја нудат Microsoft или третите страни, ниту пак може да се користат во комбинација со нив. Неоткупените поени истекуваат доколку не заработите или откупите никакви поени 18 месеци.
      • 3. Rewards. Може да ги откупите своите поени со посета на центарот за откупување или може да дадете поени во прилог на наведените непрофитни организации. Може да има достапен ограничен број на одредена Reward, а тие Rewards ќе се достават врз основа на правилото прв дојден, прв услужен. Може да ви се побара да дадете дополнителни информации, како вашата поштенска адреса и телефонски број (освен VOIP или бесплатниот телефонски број), а може да ви се побара и да внесете код за заштита од измама или да потпишете дополнителни правни документи за да откупите поени за Rewards. Штом ќе нарачате Reward, не може да ја откажете или да ја вратите за рефундирање на поените, освен во случајот на производи со грешки или како што се бара со важечкиот закон. Доколку нарачате Reward што ја нема во резерва или не е достапна од други причини што Microsoft ќе ги утврди според сопственото право, може да замениме Reward со компатибилна вредност или да ви ги рефундираме поените. Microsoft може да ги ажурира Rewards што се нудат во центарот за откупување или да престане да нуди одредени Rewards. Некои Rewards може да имаат барања за подобност на возраста. Сите такви барања ќе бидат вклучени во соодветната понуда. Вие сте одговорни за сојузните, државните и локалните даноци и сите други трошоци за прифаќање и користење на Reward. Rewards ќе ви бидат пратени по е-пошта на адресата на е-пошта што сте ја дале кога сте ја нарачувале својата Reward, па затоа одржувајте ја адресата на е-пошта ажурна. Rewards што не може да се испорачаат нема да се издадат повторно и според тоа се одземаат. Rewards не се за препродавање.
      • 4. Откажување на учеството во програмата. Вашата сметка на програмата ќе биде откажана ако не се пријавите барем еднаш во период од 18 месеци. Дополнително, Microsoft го задржува правото да ја откаже сметката на програмата на одреден корисник поради злонамерно модифицирање, злоупотреба или мамење на програмата или поради прекршување на овие услови. По откажување на програмата (од ваша или од наша страна) или доколку програмата е суспендирана, ќе имате 90 дена да си ги откупите поените; во спротивно, тие поени ќе се одземат. Во моментот на откажувањето, завршува вашето право за користење на програмата и акумулирање поени за во иднина.
      • 5. Други услови. Microsoft го задржува правото да ве дисквалификува; да го оневозможи вашиот пристап до програмата или вашата сметка на Rewards; и/или да ги задржи поените, Rewards и добротворните прилози, доколку Microsoft смета дека вие злонамерно го модифицирате или го злоупотребувате кој било аспект од програмата или може сте вклучени во активности што ги прекршуваат овие услови.
Целосен текст
РазноРазно16_17_18_miscellaneous
Резиме

14. Разно. Овој дел и деловите 1, 9 (за износи настанати пред истекот на овие услови), 10, 11, 12, 15, 17 и оние што според нивните услови се применуваат откако овие услови ќе истечат, ќе опстанат по какво и да било прекинување или откажување на овие услови. До степен дозволен со применлив закон, ние можеме, целосно или делумно во секое време без да ве известиме, да ги доделиме овие услови, да ги пренесеме на подизведувачи нашите обврски според овие услови или дадеме подлиценца за нашите права според овие услови. Вие не смеете да ги доделите овие услови или да пренесете какви било права за користење на услугите. Ова е целосниот договор помеѓу вас и Microsoft за користење на услугите. Тој ги заменува сите претходни договори помеѓу вас и Microsoft во однос на користењето на услугите. При прифаќањето на овие услови, немавте предвид никаква изјава, претставување, гаранција, согласност, преземање, ветување или осигурување освен она што е изречно изнесено во овие услови. Сите делови од овие услови се применуваат до максималниот степен дозволен со соодветните закони. Ако некој суд или арбитер смета дека не може да спроведеме дел од овие услови како што е запишано, тогаш можеме да ги замениме тие услови со слични услови до степен што е спроведлив според соодветниот закон, но остатокот од овие услови ќе остане непроменет. Овие услови се наменети само за ваше и наше добро. Овие услови не се наменети за доброто на која било друга личност, освен за следбениците и правните наследници Microsoft. Насловите на деловите се само за референца и немаат никакво правно дејство.

15. Побарувањата мора да се поднесат во рок од една година. Секое побарување што е поврзано со овие услови или услугите мора да се поднесе до суд (или на арбитража, ако се примени дел 10(г)) во рок од една година од датумот кога за првпат можете да го поднесете побарувањето, освен ако вашите локални закони бараат подолг временски рок за поднесување побарувања. Ако побарувањето не се поднесе во тој рок, тогаш е трајно блокирано.

16. Закони за извоз. Морате да ги почитувате сите домашни и меѓународни закони и прописи за извоз, кои се однесуваат на софтверот и/или услугите кои вклучуваат ограничувања за дестинациите, крајните корисници и крајната употреба. За подетални информации за географските и извозните ограничувања погледнете на https://go.microsoft.com/fwlink/?linkid=868968 и https://www.microsoft.com/exporting.

17. Задржување на права и повратни информации. Освен ако не е изречно наведено во овие услови, Microsoft не ви доделува лиценца ниту какви било други права од каков било вид патенти, знаење, авторски права, трговски тајни, заштитени знаци или друга интелектуална сопственост што ја поседува или контролира Microsoft или некој друг поврзан субјект, вклучувајќи но не ограничувајќи се на кое било име, трговски изглед, лого или еквиваленти. Доколку на Microsoft му дадете идеја, предлог, сугестија или повратни информации, вклучувајќи ги без ограничување идеите за нови производи, технологии, промоции, имиња на производи, повратни информации за производи и подобрувања на производи („Повратни информации“) на Microsoft му давате право, без наплата, авторски права или други обврски кон вас, да направи, создаде, креира изведени дејства, да користи, споделува и да ги комерцијализира повратните информации на каков било начин и за каква било цел. Нема да давате повратни информации што подлежат на лиценца што бара од Microsoft да го лиценцира својот софтвер, технологиите и документацијата на која било трета страна бидејќи Microsoft ги вклучува вашите повратни информации во нив.

Целосен текст
ИЗВЕСТУВАЊАИЗВЕСТУВАЊАNOTICES
Резиме

Известувања и постапка за поднесување побарувања за кршење на авторски права. Microsoft ги почитува правата на интелектуална сопственост на трети страни. Доколку сакате да испратите известување за повреда на интелектуална сопственост, вклучувајќи побарувања за повреда на авторски права, користете ги нашите постапки за поднесување Известувања за прекршување. САМО ПРАШАЊАТА ШТО СЕ РЕЛЕВАНТНИ ЗА ОВАА ПОСТАПКА ЌЕ ДА БИДАТ ОДГОВОРЕНИ.

Microsoft ги применува постапките пропишани со Наслов 17, Законик на Соединетите Држави, Дел 512(в)(2) за одговор на известувањата за прекршување на авторски права. Во соодветни околности, Microsoft може и да ги оневозможи или прекине сметките на корисниците на услуги од Microsoft кои може да се повторни прекшители.

Известувања и постапки во однос на прашањата за интелектуалната сопственост во рекламирањето. Погледнете ги нашите Упатства за интелектуалната сопственост во однос на прашањата за интелектуалната сопственост на нашата мрежа за рекламирање.

Известувања за авторски права и трговски марки. Услугите се авторски права на © 2018 Microsoft Corporation и/или нивните снабдувачи, One Microsoft Way, Redmond, WA 98052, U.S.A. Сите права се задржани. Microsoft и имињата, логоата и иконите на сите производи, софтвери и услуги на Microsoft може да се или трговски марки или регистрирани трговски марки на Microsoft во Соединетите Американски Држави и/или други земји. Имињата на постоечки компании и производи може да се трговски марки на нивните сопственици. Сите права, кои не се изречно дадени во овие услови, се задржани. Одреден софтвер што се користи на одредени сервери за вебсајтови на Microsoft е делумно базиран на работата на Independent JPEG Group. Авторски права © 1991-1996 на Томас Г. Леин. Сите права се задржани. За софтверот „gnuplot“ што се користи на одредени сервери за вебсајтови на Microsoft авторски права © 1986‑1993 имаат Томас Вилијамс и Колин Кели. Сите права се задржани.

Медицинско известување. Microsoft не обезбедува медицински или каков било друг здравствен совет, дијагноза или третман. Секогаш барајте совет од вашиот лекар или друг квалификуван давател на здравствена услуга за сите прашања што може да ги имате во врска со вашата здравствена состојба, исхрана или програма за фитнес или добро здравје. Никогаш не го запоставувајте го професионалниот медицински совет или не одложувајте го неговото барање поради информациите што ги добивате на или преку услугите.

Берзански цени и индексни податоци (вклучувајќи ги индексните вредности). © 2013 Morningstar, Inc. Сите права се задржани. Информациите содржани овде: (1) се сопственост на Morningstar и/или неговите провајдери; (2) не смеат да се копираат или дистрибуираат, и (3) немаат гаранција дека се точни, комплетни или навремени. Ниту Morningstar ниту неговите провајдери не се одговорни за какви било штети или загуби што произлегуваат од какво било користење на овие информации. Успешниот резултат во минатото не е гаранција за идни успеси.

Не смеете да користите никакви индекси на Dow JonesSM, индексните податоци или ознаки на Dow Jones во врска со издавање, создавање, спонзорирање, тргување, рекламирање или промоција на финансиски инструменти или инвестициски производи (на пример, деривати, структурирани производи, инвестициски фондови, фондови со кои се тргува на берза, инвестициски портфолија итн., каде што цената, приходот и/или изведбата на инструментот или инвестицискиот производ е заснована на, поврзана со или е наменета за следење какви било индекси или застапник за кои било индекси) без посебен пишан договор со Dow Jones.

Финансиско известување. Microsoft не е брокер/дилер или регистриран советник за инвестиции според федералниот закон за хартии од вредност на Соединетите Американски Држави или според законите за хартии од вредности на други законодавства и не ги советува поединците за препорачливост за инвестирање, купување или продавање хартии од вредност или други финансиски производи или услуги. Ништо во услугите не претставува понуда или барање за купување или продавање хартии од вредност. Ниту Microsoft ниту неговите даватели на лиценци за берзански цени или индексни податоци не одобруваат и не препорачуваат одредени финансиски производи или услуги. Ништо во услугите не е наменето како стручен совет, вклучувајќи го, но не ограничувајќи се на советот за инвестирање или даноци.

Известување за видео стандардите H.264/AVC, MPEG-4 Visual и VC-1. Софтверот може да вклучува и технологија на кодирање H.264/AVC, MPEG-4 Visual и/или VC-1 што може да биде лиценцирана од MPEG LA, L.L.C. Оваа технологија е формат за компресија на податоци од видео информации. MPEG LA, L.L.C., бара објавување на следново известување:

ОВОЈ ПРОИЗВОД Е ЛИЦЕНЦИРАН СПОРЕД ЛИЦЕНЦИТЕ ОД ПАТЕНТНОТО ПОРТФОЛИО H.264/AVC, MPEG-4 VISUAL, И VC-1, ЗА ЛИЧНО И НЕКОМЕРЦИЈАЛНО КОРИСТЕЊЕ ОД СТРАНА НА ПОТРОШУВАЧИ ЗА (А) КОДИРАЊЕ ВИДЕОЗАПИСИ ВО СОГЛАСНОСТ СО СТАНДАРДИТЕ („ВИДЕО СТАНДАРДИ“) И/ИЛИ (Б) ЗА ДЕКОДИРАЊЕ НА H.264/AVC, MPEG-4 VISUAL И VC-1 ВИДЕОЗАПИСИ ШТО БИЛЕ КОДИРАНИ ОД СТРАНА НА ПОТРОШУВАЧ ЗА НЕГОВА ЛИЧНА И НЕКОМЕРЦИЈАЛНА УПОТРЕБА И/ИЛИ НАБАВЕНИ ОД ДАВАТЕЛ НА ВИДЕО-УСЛУГИ ЛИЦЕНЦИРАН ДА ДАВА ТАКВИ ВИДЕОЗАПИСИ. НИТУ ЕДНА ОД ЛИЦЕНЦИТЕ НЕ СЕ ПРОШИРУВА НА КОЈ БИЛО ДРУГ ПРОИЗВОД БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ТОЈ ПРОИЗВОД Е ВКЛУЧЕН СО ОВОЈ СОФТВЕР КАКО ЕДИНЕЧЕН ПРОИЗВОД. НЕ СЕ ДАВА НИТУ СЕ ПОДРАЗБИРА ЛИЦЕНЦА ЗА КАКВА БИЛО ДРУГА УПОТРЕБА. ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ МОЖАТ ДА СЕ ДОБИЈАТ ОД MPEG LA, L.L.C. ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВЕБСАЈТОТ НА MPEG LA.

Само за појаснување, ова известување не ја ограничува и не ја забранува употребата на софтверот обезбеден со овие услови за нормална деловна употреба што е лична за тој бизнис и не вклучува (i) редистрибуција на софтверот на трети страни или (ii) создавање материјал со технологии што се сообразни со ВИДЕО СТАНДАРДИТЕ за дистрибуирање на трети страни.

Целосен текст
СТАНДАРДНИ УСЛОВИ НА ЛИЦЕНЦА ЗА АПЛИКАЦИЈАСТАНДАРДНИ УСЛОВИ НА ЛИЦЕНЦА ЗА АПЛИКАЦИЈАSTANDARDAPPLICATIONLICENSETERMS
Резиме

СТАНДАРДНИ УСЛОВИ НА ЛИЦЕНЦА ЗА АПЛИКАЦИЈА

MICROSOFT STORE, WINDOWS STORE И XBOX STORE

Овие услови од лиценцата претставуваат договор меѓу вас и издавачот на апликацијата. Ве молиме прочитајте ги. Се однесуваат на софтверските апликации што ги преземате од Microsoft Store, Windows Store или Xbox Store (на секоја од нив во се упатува во овие услови на лиценца како „Store“), вклучувајќи ги сите ажурирања или додатоци за апликацијата, освен ако апликацијата не доаѓа со посебни услови, во тие случаи се применуваат тие услови.

СО ПРЕЗЕМАЊЕ ИЛИ КОРИСТЕЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА ИЛИ СО ОБИДОТ ДА ГО НАПРАВИТЕ ТОА, ВИЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ ОВИЕ УСЛОВИ. ДОКОЛКУ НЕ ГИ ПРИФАЌАТЕ, НЕМАТЕ ПРАВО И НЕ СМЕЕТЕ ДА ЈА ПРЕЗЕМАТЕ ИЛИ КОРИСТИТЕ АПЛИКАЦИЈАТА.

Под издавач на апликацијата се подразбира субјектот што ви ја издава лиценцата за апликацијата, како што се идентификува во Store.

Доколку ги прифаќате и се придржувате кон условите од лиценцата, ги имате правата наведени во продолжение.

  • 1. ПРАВА ЗА ИНСТАЛАЦИЈА И КОРИСТЕЊЕ; ИСТЕК. Може да ја инсталирате и да ја користите апликацијата на уреди со Windows или конзоли за Xbox како што е опишано во Правилата за користење на Microsoft. Microsoft го задржува правото во секое време да ги промени Правилата за користење на Microsoft.
  • 2. УСЛУГИ БАЗИРАНИ НА ИНТЕРНЕТ.
    • а. Согласност за услуги засновани на Интернет и безжични услуги. Ако апликацијата се поврзува на компјутерски системи преку Интернет, што може да вклучува безжични мрежи, користењето на апликацијата служи како ваша согласност за пренесување на стандардните информации од уредот (што вклучува, но не се ограничува на техничките информации за вашиот уред, софтверот на системот и на апликацијата, и периферните уреди) за услуги базирани на Интернет или безжични услуги. Ако се поставени други услови во врска со користењето на услугите до кои пристапувате со користење на апликацијата, тогаш се применуваат и тие услови.
    • б. Злоупотреба на услугите базирани на Интернет. Не смеете да користите која било услуга базирана на интернет на каков било начин што може да му попречува на друго лице да ја користи услугата или безжичната мрежа. Не смеете да ја користите услугата за да се обидете да добиете неовластен пристап до која било услуга, податоци, сметка или мрежа на кој било начин.
  • 3. ОПСЕГ НА ЛИЦЕНЦАТА. Апликацијата се лиценцира, не се продава. Овој договор само ви дава некои права за користење на апликацијата. Ако Microsoft го оневозможи користењето на апликациите на вашите уреди во согласност со вашиот договор со Microsoft, престануваат сите поврзани лиценцни права. Издавачот на апликацијата ги задржува сите други права. Освен ако важечки закон не ви дава повеќе права и покрај ова ограничување, вие можете да ја користите апликацијата само за тоа што е изречно дозволено во овој договор. При тоа, вие мора да ги почитувате сите технички ограничувања во апликацијата што ви овозможуваат да ја користите само на одредени начини. Вие не смеете:
    • а. Да заобиколувате кои било технички ограничувања во апликацијата.
    • б. Да правите реверзен инженеринг, да ја декомпајлирате или деасемблирате апликацијата, освен и само до степен што е изречно дозволен со важечките закони, без оглед на ова ограничување.
    • в. Да правите повеќе копии од апликацијата од наведеното во овој договор или е дозволено со важечките закони, без оглед на ова ограничување.
    • г. Да ја објавувате или на друг начин да им овозможите на други лица да ја копираат апликацијата.
    • д. Да ја изнајмувате, давате под лизинг или позајмувате апликацијата.
    • ѓ. Пренос на апликацијата или овој договор на која било трета страна.
  • 4. ДОКУМЕНТАЦИЈА. Ако со апликацијата се обезбедува и документација, вие може да ја копирате и користите документацијата за ваши лични референтни цели.
  • 5. ОГРАНИЧУВАЊА НА ТЕХНОЛОГИЈАТА И ИЗВОЗОТ. Апликацијата може да подлежи на американските или меѓународните закони и прописи за контрола на технологија и извоз. Мора да ги почитувате сите домашни и меѓународни закони и прописи за извоз, кои се однесуваат на технологијата што се користи или е поддржана од апликацијата. Овие закони вклучуваат ограничувања во однос на дестинации, крајни корисници и крајна употреба. За информации за брендираните производи на Microsoft одете на вебсајтот за извоз на Microsoft.
  • 6. УСЛУГИ ЗА ПОДДРШКА. Побарајте го издавачот на апликацијата за да утврдите кои услуги за поддршка се достапни. Microsoft, производителот на вашиот хардвер и вашиот безжичен оператор (освен ако некој од нив е издавач на апликацијата) не се одговорни да обезбедат услуги за поддршка за апликацијата.
  • 7. ЦЕЛОСЕН ДОГОВОР. Овој договор, сите применливи политики за приватност, сите дополнителни услови кои ја придружуваат апликацијата и условите за додатоците и ажурирањата го сочинуваат целосниот договор за апликацијата меѓу вас и издавачот на апликацијата.
  • 8. ПРИМЕНЛИВИ ЗАКОНИ.
    • а. Соединети Американски Држави и Канада. Доколку сте ја набавиле апликацијата во Соединетите Американски Држави или Канада, законите на провинцијата или земјата каде што живеете (или, ако сте правно лице, каде што се наоѓа вашето главно седиште) се применуваат за толкување на овие услови и побарувањата за нивното прекршување и сите други побарувања (вклучувајќи ги побарувањата за заштита на потрошувачите, нелојална конкуренција и неизвршување обврски), без оглед на судирот на законските принципи.
    • б. Надвор од Соединетите Американски Држави и Канада. Ако ја набавивте апликацијата во која било друга држава, се применуваат законите на таа држава.
  • 9. ПРАВНО ДЕЈСТВО. Овој договор опишува одредени законски права. Вие може да имате други права според законите во вашата држава или земја. Овој договор не ги менува вашите права според законите во вашата држава или земја ако законите на вашата држава или земја не дозволуваат да го направи тоа.
  • 10. ОДРЕКУВАЊЕ ОД ГАРАНЦИИТЕ. Апликацијата се лиценцира „таква каква што е“, „со сите грешки“ и „таква каква што е достапна“. Вие го носите ризикот од користење на истата. Издавачот на апликацијата, во свое име, во име на Microsoft (ако Microsoft не е издавач на апликацијата), безжичните оператори преку чија мрежа се обезбедува апликацијата и сите наши соодветни поврзани друштва, продавачи, агенти и добавувачи („опфатени страни“), не дава никакви изречни гаранции или услови во врска со апликацијата. Вие го сносите целосниот ризик за квалитетот, безбедноста, поддршката и функционирањето на апликацијата. Доколку се докаже дека апликацијата да има грешки, вие ги сносите целокупните трошоци за сите неопходни сервисирања или поправки. Вие може да имате дополнителни потрошувачки права според вашите локални закони што овој договор не може да ги смени. До степен дозволен со вашите локални закони, опфатените страни ги исклучуваат сите имплицитни гаранции или услови, вклучувајќи ги оние за пригодност за тргување, соодветност за одредена намена, безбедност, поддршка и неповредување на права.
  • 11. ОГРАНИЧУВАЊА НА И ИСКЛУЧУВАЊЕ НА ПРАВНИ ЛЕКОВИ И ШТЕТИ. До степен што не е забранет со закон, ако немате никаква основа за обесштетување, вие може да повратите од издавачот на апликацијата само директни штети до износот што сте го платиле за апликацијата или 1,00 УСД, она што е поголемо. Вие нема да барате, и се одрекувате од кое било право да барате, обесштетување за која било друга штета, вклучувајќи последични штети, загуба на профит, посебни, индиректни или случајни штета од издавачот на апликацијата. Ако вашите локални закони наложуваат гаранции или услови иако овие услови не го прават тоа, нивното траење е ограничено на 90 дена од преземањето на апликацијата.

Ова ограничување се применува за:

  • Сè што е поврзано со апликацијата или услугите што се достапни преку апликацијата; и
  • Побарувањата за непочитување на договорот, гаранциите или условите; стриктна одговорност, негрижа или друго кршење на правата; кршење на законот или прописите; неправедно богатење; или според која било друга правна теорија; сè до степен дозволен со применливите закони.

Исто така се применува дури ако:

  • Овој правен лек не ги компензира целосно кои било загуби; или
  • Издавачот на апликацијата знаел или требало да знае за можноста од штетите.
Целосен текст
Опфатени услугиОпфатени услугиserviceslist
Резиме

Следниве производи, апликации и услуги се опфатени со Договорот за услуги на Microsoft, но тие може да не бидат достапни на вашиот пазар.

  • Account.microsoft.com
  • Advertising.microsoft.com
  • Arrow Launcher
  • Bing Bots
  • Bing Input
  • Bing Torque
  • Bing Translator
  • Bing Webmaster
  • Bing во училница
  • Bing.com
  • Bing
  • Bingplaces.com
  • Citizen Next
  • Conditional Action Programmer
  • Cortana skills by Microsoft
  • Cortana
  • Default Homepage and New Tab Page on Microsoft Edge
  • Dev Center App
  • Dictate
  • Docs.com
  • education.minecraft.net
  • Forms.microsoft.com
  • forzamotorsport.net
  • Groove Music Pass
  • Groove
  • GroupMe
  • HealthVault
  • LineBack
  • Microsoft Academic
  • Microsoft Add-Ins for Skype
  • Microsoft Bots
  • Microsoft Educator Community
  • Microsoft Health
  • Microsoft Pay
  • Microsoft Research Interactive Science
  • Microsoft Research Open Data
  • Microsoft Translator
  • Microsoft Wallpaper
  • Microsoft XiaoIce
  • Microsoft филмови и ТВ-емисии
  • Mixer
  • MSN Dial Up
  • MSN Explorer
  • MSN Premium
  • MSN вести
  • MSN време
  • MSN здравје и фитнес
  • MSN пари
  • MSN патување
  • MSN спорт
  • MSN храна и пијалаци
  • MSN.com
  • Next Lock Screen
  • Office 365 Consumer
  • Office 365 Home
  • Office 365 Personal
  • Office 365 University
  • Office Online
  • Office Sway
  • Office.com
  • OneDrive.com
  • OneDrive
  • OneNote.com
  • Outlook.com
  • Paint 3D
  • Picturesque Lock Screen
  • Pix Lock
  • Presentation Translator
  • Remix 3D
  • Rinna
  • rise4fun
  • Ruuh
  • Seeing AI
  • Send
  • Skype in the Classroom
  • Skype Interviews
  • Skype Manager
  • Skype Qik
  • Skype.com
  • Skype
  • Smart Search
  • Spreadsheet Keyboard
  • Sway.com
  • to-do.microsoft.com
  • Tossup
  • Translator for Microsoft Edge
  • Translator Live
  • UrWeather
  • Video Breakdown
  • Visio Online
  • Windows Live Mail
  • Windows Live Writer
  • Windows Movie Maker
  • Windows Photo Gallery
  • Windows продавница
  • Xbox Game Pass
  • Xbox Live Gold
  • Xbox Live
  • Xbox Music
  • Xbox Store
  • Апликации Bing
  • Апликација за исправност на уред
  • Апликација за пребарување Bing
  • Апликација мапи
  • Игри на Xbox и Windows, апликации и веб-локации објавени од Microsoft
  • Лента со алатки на Bing
  • Мапи Bing
  • Навигација Bing
  • Награди Bing
  • Помошник за поддршка и обнова за Office 365 на Microsoft
  • Пребарувач на Wikipedia на Bing
  • Преведувач
  • Продавница Office
  • Продавница
  • Работна маса Bing
  • Речник Bing
  • Семејство Microsoft
  • Сметка на Microsoft
  • Читач Bing
Целосен текст
1 март 20180