Free
Overview System Requirements Related

Description

НЛБ мКлик е нова услуга на НЛБ Тутунска банка и претставува апликација за мобилен уред која овозможува преглед и спроведување на Вашите финансиски трансакции на сосема безбеден начин. Услугата е достапна 24 часа на ден, седум дена во неделата. НЛБ мКлик услугата може да се користи со Windows Phone верзија 8 или понова. Можности на НЛБ мКлик апликацијата: • Преглед во состојба и промет на сите трансакциски сметки, картички и депозити. • Конверзија од една во друга валута од трансакциската сметка. • Плаќање на сите режиски трошоци. • Плаќања кон физички и правни лица во земјата со заштеда во провизија од над 60%. • Плаќање на обврски кон Банката за кредитни картички и кредити • Интерни трансакции, уплати на НЛБ Постепено штедење и Скалест депозит. • Интерни трансакции од и на Ваши сметки. • Преглед на курсна листа. Предности на НЛБ мКлик мобилното банкарство: • Заштеда на време и пари. • Независност од работното време на експозитурите на Банката. • Најприфатливо решение кога немате пристап до персонален компјутер. • Сигурно, лесно и прегледно работење. • Постојан увид на состојбата на Вашите сметки. • Внесот на налози е можен 24 часа, 7 дена во неделата и со иден датум. • Апликацијата е достапна за сите мобилни мрежи и може да се користи и во странство. Регистрација и активација на НЛБ мКлик услугата За да може да ја користите истата потребно е да се пријавите за услугата во која било експозитура на НЛБ Тутунска банка. После пријавата на SMS ќе ја добиете првата половина од активацискиот код, а на Вашиот e-mail втората половина од истиот, кој служи за генерирање на PIN при првата најава. При првата најава на апликацијата потребно е да се внесе активацискиот код и тоа првата компонента се внесува во полето Код на персонализација, а втората компонента во полето Иницијална лозинка. По овој чекор потребно е во апликацијата да го внесете Вашиот произволно избран PIN кој ќе се користи во сите идни најави на НЛБ мКлик апликацијата. Сигурност на НЛБ мКлик апликацијата: •Апликацијата е заштитена од копирање и инсталирање на други телефони, бидејќи активациските кодови можат да се искористат само еднаш. • Апликацијата се исклучува автоматски по неколку минути некористење. • Апликацијата се заклучува автоматски по внесени 3 погрешни m-PIN кодови. • Податоците за сметките на корисникот и m-PIN кодот не се чуваат на мобилниот уред • Плаќањата, преносот на податоци како и целата останата комуникација помеѓу Вашиот мобилен уред и Банката се одвива ширирано со помош на софтверски токен интегриран во самата апликација со употреба на најсовремени методи за шифрирање на податоците. Keywords: NLB mKlik, NLBKlik, NLB, Tutunska, NLB Tutunska, M-Klik, mKlik, М-Банкарство, Мобилно Банкарство

Screenshots

Additional information

Published by

NLB Tutunska Banka AD Skopje

Developed by

NLB Tutunska Banka AD Skopje

Release date

2/3/2015

Approximate size

1.33 MB

Age rating

For all ages


Installation

Get this app while signed in to your Microsoft account and install on up to ten Windows 10 devices.

Accessibility

The product developer believes this product meets accessibility requirements, making it easier for everyone to use.

Language supported

Македонски (Република Македонија)
Shqip (Shqipëri)

Publisher Info

NLB mKlik website

Additional terms

Terms of transaction


Report this product

Sign in to report this app to Microsoft